Constipation

Избор на соодветна терапија за констипација за различни групи на пациенти

Избор на соодветна терапија за констипација за различни групи на пациенти

Целта на овој текст е во кратки црти да објасниме што преставува констипацијата, колку е честа,кои се причинителите за нејзината појава, начинот на третирање и секако искуства при нашата секојдневна пракса.

Констипацијата е една од почестите појави која ги зафаќа различните групи на пациенти и според некои статистички податоци нејзината преваланца во развиените земји е околу 27% што практично значи секоја трета-четрврта личност има потреба од лекување. Од полов аспект таа најчесто е присутна кај женската популација и тоа  два-три пати почесто отколку кај мажите.

Како би јa дефинирале констипацијата?

За нејзино дефинирање ќе се служиме со:

 Roma II критериумите, доколку најмалку два од опишаните критериуми се присутни, а за да се дефинира како хронична симптомите треба да траат 3 месеци во последниве 12 месеци, и тоа :

  • напрегање при дефеакција
  • цврста,тврда столица,
  • мала количина на столица,
  • чуство на недоволна испразненост,
  • три или помалку столици неделно.

Констипацијата може да биде предизвикана од различни фактори и тоа :

  • неадекватно хидрирање
  • намалена подвижност
  • намалено чувство на жед
  • електролитен дисбаланс (хиперкалцемија, хипокалемија, хипермагнеземија)
  • ендокрини и метаболни нарушувања (дијабетес мелитус, хиперпаратиреоидизам, хипотиреоидизам, хронична бубрежна болест)
  • невролошки нарушувања (деменција, Паркинсонова болест, неуропатии, мултипла склероза, повреда на рбетниот мозок, синдром на cauda equina)
  • психолошки коморбидитети (депресија, дистрес)
  • медикаменти (антихолинергици, диуретици, β-блокатори, опиати, антидепресиви, ацетаминофен, аспирин и NSAID)
  • не постои јасна асоцираност меѓу пушењето, алкохолот и body mass index-от.

 Во самото лекување се вклучени повеќе фактори:

– промена на животните навики

-режим на исхрана

– внес на течности

– физичка активност

Во овој текст ќе имаме осврт на медикаментозниот начин на лекување на констипацијата и тоа кои се најчестите лекови кои се употребуват и нивниот ефект врз самите пациенти. Генерално медикаментозниот третман се состои од групи на лекови и тоа:

  • традиционален тераписки пристап со примена на лаксативи

( бабречки супстанци, надразнителни лаксативи, осмотски лаксативи)

  • Лубриканти
  • Прокинетици
  • Нови медикаменти

Бидејќи најчесто употребуваните лекови за третман на констипацијата се лаксативите во продолжение ќе дадеме еден краток осврт на најчесто употербуваните групи на лаксативи и нивните својства.

Бабречки  супстанци (волуменски лаксативи) – содржат одредени врсти на боквица (Psyllium- Plantago ovata), метилцелулоза, ленено семе или пченични мешунки

-Со своето бабрење ја зголемуваат фекалната маса и преку цревната дистензија ја стимулират нивната перисталтика. Поради тоа, мора да се земаат со доволна количина на течности за да не предизвикаат опструкција на цревото. Посебно внимание е неопходно кај пациентите со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања (волуменско оптоварување).

Несакани дејства:

  • Гасови, подуеност, мачнина,главоболка , болка во плешки, кашлица, носен исцедок, проблеми со синуси, алергиски реакции, хипогликемија.
  • Готовите препарати може да содржат јагленихидрати (неповолни кај дијабетичари поради што е потребно прилагодување на дозата на АДТ). Исто така може да ја нарушат ресопсцијата на ацетилсалицилната киселина и некои од кардиолошките препарати.

Контариндицирани се кај деца,кардиоваскуларни заболувања и пациенти со бубрежни заболувања, истотака, треба со претпазливост да се користат и кај дијабетичари.

Надразнителни лаксативи  (иритирачки, агресивни) во која спаѓаат – сена, бисакодил,натриум пикосулфат. Спречуваат ресопсција на натриум  и вода од луменот на цревата. Делувајќи на нервните влакна на цревниот ззид доведуваат до зголемен цревен мотилитет, често можат да предизвикуваат и цревни грчеви и хипогликемија –  намалена цревна подвижност.

Контраиндициранисе кај инфламаторни заболувања на цревата,илеус,акутна болка во стомакот,опструкции на цревта,истотака не смеат да се употребуват кај деца и трудници .

Несакани дејства:

  • Melanosis colli (црно-кафена пребоеност на цревната мукоза)
  • Болни цревни грчеви
  • Катарктични црева ( дилатација на колон со губење на хаустрациите)
  • Синдром на мрзливи црева кај долготрајна употреба (не смеат да се употребат повеќе од 5-7 дена).
  • Може да предизвикуваат тахифилакса и да предизвикаат навикнување.

Осмотски лаксативи– laktuloza,polietilenglikolсе меѓу најчесто користените, bezbedni i efikasni лекови во третманот на хронична опстипација. Од една страна преку процесот на осмоза ја зголемуваат количината на вода во цревото , а од друга страна лактулозата од страна на цревните бактерии се ферментира , што допринесува до пад на pH во колон,  со што се зголемува количината на фекалната маса и се забрзува транзитот на фекалната маса низ колон.

Несаканите дејства се благи и привремени (гасови, абдоминална дистензија,  подуеност – се губат за неколку дена од употребата).

Лактулозата претставува синтетски дериват добиен со изомеризација на глукозата во фруктозa , дисахарид во која молекулите на галактоза и фруктоза се поврзани со  ß-1,4 врска, која оневозможува ензимска разградба.

Лактулозата е најчесто употребувана и во нашата секојдневна пракса од причина што истовремено е ефикасна и безбедна за различни групи на пациентипочнувајќи од бебиња(над 1 месец),возрасни пациенти,бремени жени(препорака А) .

Лактулозата може да се употребува во следниве состојби:

– констипација-регулирање на физиолошкиот циклус на дебелото црево,

– во случаи кога меката столица се смета за клинички корисна: (хемороиди, операција напостклоналната/аналнарегија).

-Хепаталнаенцефалопатија: превенција и третманнахепаталнапред-кома и кома.

Нејзиниот механизам на делување е физиолошки и тоа лактулозата не се разградува од ензимите во тенкото црево, со што во неизменет облик стига до дебелото црево, каде подлегнува на разградба (bifidobacteria).

Се разградува до органски киселини со кратки ланци кои ја намалуваат вредноста на ↓pH,а го зголемуваат ↑ осмотскиот притисок во луменот на колонот, со што доаѓа до ретенција на вода и зголемување на фекалната маса во цревата.Тоа води до забрзување на цревната перисталтика а времето на пасажа на фекалната маса низ цревото  се скратува.

Лактулозатаможедаседадекакоединечнадневнадозаиливодвеподеленидози, сопомошнамернотокапаче.

Посленеколкуденапочетнатадозатребадасеприлогодитакададозатанаодржувањедаодговаранатерапевскиотодговор. Можеда е потребноземањенанеколкудози (2-3 дена) допостигнувањенатерапевскиотодговор.

Лактулозата поседува неколку особини кои го потврдуват нејзиното дејство кај самите пациенти  и тоа :

  • поседува пребиотски ефект
  • ја нормализира цревната флора
  • е храна за добрите бактерии во колонот!
  • расте бројот на Bifidobacteriaод109на1012 (1000 пати!)

Во нашата секојдневна пракса најчесто среќаваме пациенти кои на своја рака користат различни препарати и тоа најчесто различни чаеви (иритантни лаксативи) при што настојувачки да го решат нивниот проблем си влегуват во еден неповратен круг. Затоа, сега би изнел неколку податоци кои научно покажуват дека лактулозата може ефикасно да ги замени надразнителните лаксативи.

  • 7-дневната примена на лактулоза и надразнителни лаксативи резултираше со нормализација на цревното празнење кај пациенти кои користеле лактулоза значајно повеќе во споредба со пациенти кои користеле надразнителни лаксативи(57.8% vs. 41.1%; p< 0.001). Ефектот на нормализирање на цревното празнење се задржа и после примената на терапијата со лактулоза.
  • Докажано е дека лактулозата може успешно да ги замени надразнителните лакстиви и после нивната долгогодишн употреба

-Лактулозата ја нормализира интестиналната функција

  • Ја зголемува честота на цревно празнење
  • Го нормализира цревниот мотилитет
  • Ја скратува пасажата низ цревото

Користена литертура :

  1. Збирен извештај за карактеристиките на лекот Duphalac,август 2014
  2. Thompson WG,Longstreth GF,Drosman DA,et al Gut1999,45,43-47
  3. Parre P. Recommendations of chronic opstipation,CanJ.Gastroent. 2007;21;3-22
  4. American College of Gastroenterology Chronic Constipation Task Force,2005
  5. Tack J. Current and future therapies for chronic constipation .Best pract.Gastro.2011;151;

Д-р. Јусуф Јакупи

Интернист – гастроентерохепатолог

ЈЗУ Општа Болница ,,Др. Ферид Мурад” Гостивар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.