Paper With Prostate Cancer And Light Blue Ribbon

Интернационална недела на машкото здравје: карцином на простата

Интернационална недела на машкото здравје: карцином на простата

Интернационалната недела на машкото зравје зазема место во периодот од 10- 16 јуни секоја година и има за цел да обезбеди можност на голем дел од организациите и индивидуалците да го насочат вниманието кон лошата здравствена состојба на мажите, да организираат активности кои ги вклучуваат мажите и да се залагаат за промени во здравствената политика и практика. Карциномот на простата е најчесто дијагностициран карцином кај мажите, со околу 20 000 дијагнози и скоро 3 500 смртни случаи во Австралија секоја година, додека 40 0000 нови случаи на дијагностицирани има секоја година во Велика Британија.

Карциномот на простата воглавно не предизвикува никакви симптоми се додека истиот не се зголеми премногу и и почне да врши притисок врз уретрата, чија што улога е пренос на урината од мочниот меур низ пенисот. Симптомите може да вклучуваат:

  • потреба за почесто уринарење, особено во текот на ноќта
  • потешкотии при уринарење
  • потребен е подолг временски период за да се изврши уринарењето
  • слаб проток
  • чувство дека мочниот меур не е комплетно празен
  • крв во урина или крв во сперма

Присуството на овие симптоми не секогаш мора да се поврзува со карцином на простата. Кај голем дел од мажите простатата се зголемува со текот на годините поради неканцерогена состојба наречена проширување на простата. Знаците кои укажуваат на ширење на карциномот вклучуваат: болка во коските и грбот, губиток на апетит, болка во тестисите и губење на телесната тежина.

Причината за појава на карцином на простата не е позната, иако голем број на фактори го зголемуваат ризикот од развој на состојбата. Тие вклучуваат:

  • возраст- ризикот се зголемува со текот на годините, а повеќето случаи се дијагностицираат кај мажи постари од 50 години
  • фамилијарна историја – доколку брат или татко развил карцином на простата пред 60-годишна возраст, постои можност од зголемен ризик за развој. Истражувањата исто така покажуваат дека доколку блиска женска роднина која развила карцином на дојка, исто така, може да го зголеми ризикот од развој на карцином на простата
  • гојазност – неодамнешните истражувања сугерираат дека е можно постоење на поврзаност меѓу гојазноста и карциномот на простата и дека балансираната исхрана и редовното вежбање може да го намалат ризикот од развој на карцином на простата
  • исхрана – податоци од одредени истражувања покажуваат дека исхрана богата со клациум е поврзана со зголемен ризик од развој на карцином на простата.

 

Дијагноза

Не постои единствен тест за дијагностицирање на рак на простата. Лекарот најчестоги спроведува следните барања:

  • примерок од урина со цел проверка на евентуално присуство на инфекција
  • примерок од крв со цел тестирање на нивото на специфичен антиген на простата (Prostate-Specific Antigen-PSA)
  • Дигитален ректален преглед

PSA скрининг

PSA тестовите често се неверодостојни и може да укажуваат на карцином на простата, иако истиот не е присутен (лажно-позитивен резултат). На повеќето мажи сега им се нуди магнетна резонанца (Magnetic Resonance Imaging- MRI) пред биопсија со цел да се избегнат непотребни тестирања, но некои мажи може да имаат инвазивни и понекогаш болни биопсии без постоење на конкретна причина. Покрај тоа, до 15% од мажите со карцином на простата имаат нормално ниво на PSA (лажно негативен резултат) и притоа кај голем дел од случаите дијагностицирањето е отежнато. Тестот може да дијагностицира агресивен тип на карцином на простата за кој е потребен третман, но исто така може да дијагностицира карцином кој бавно се развива и кој можеби никогаш нема да предизвика појава на симптоми или скратување наживотниот век. Некои мажи може да се соочат со потешкотии при одлука поврзана со третманот, иако помала е веројаноста за ваквата појава поради MRI која се нуди да се направи пред понатамошни тестови и третман. Третманот на карцином на простата во рани фази во одредени случаи може да биде од корист, но несаканите ефекти од различите третмани се потенцијално сериозни, така што мажите може да изберат да го одложат третманот додека истиот не биде потребен.

Иако е покажано дека скринингот ја намалува веројатноста на човекот за фатален исход од карцином на простата, голем број на мажи добиваат третман непотребно. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали можните придобивки од скрининг програмата ќе ги надминат несаканите ефекти од:

  • прекумерна дијагноза – луѓето се дијагностицираат со карцином кои никогаш нема да предизвика симптоми или да го скрати очекуваниот животен век
  • прекумерно третирање – луѓето се третираат непотребно за тумори кои не се штетни.

Третман

Третманот на карцином на простата зависи од индивидуалните околности. За многу мажи со карцином на простата, нема да има потреба од третман. Доколку третманот е неопходен, целта е да се излечи или да се контролира болеста со цел да има најмало можно влијание врз секојдневниот живот и да не го скратува животниот век. Понекогаш, доколку карциномот се проширил, целта не се состои во излекување, туку во продолжување на животниот век и одложување на симптомите.

Хируршко отстранување на простатата (радикална простатектомија)– претставува опција за лекување на карцином на простата кој не се шири надвор од тоа ткиво или пак се шири, но не во голема мера. Како и секој хируршки зафат постои можност за ризици, меѓу кои според неодамнешна студија, неможност за ерекција и уринарна инконтиненција. Кај најголем број од мажите, после овој хируршки зафат, се отстрануваат канцерогените клетки. Сепак, кај околу 1 од 3 мажи, канцерогените клетки може да не бидат целосно отстранети и може повторно да се појават после операцијата.Ејакулација за време на сексуален односне е можна после радикална простатекомија,

Радиотерапија – вклучува користење на зрачење за убивање на канцерогените клетки. Овој третман е опција за лекување на карцином на простата кој не се шири надвор од тоа ткиво или пак се шири, но не во голема мера. Може да се користи со цел забавување на прогресијата на карциномот на простата која се шири или ублажување на симптомите. Обично се прави во кратки терапии во текот на 5 дена во неделата, обично за 4 недели.  Можна е администрација на хормонска терапија пред радиотерапијата со цел зголемување на шансите за успешно лекување. Хормонската терапија исто така може да се препорача после радиотерапија за намалување на веројатноста за повторна појава на канцерогените клетки.

Брахитерапија – форма на радиотерапија при која што дозата на зрачење се поставува во внатрешноста на простатата. Зрачењето може да биде испорачано со користење на неколку мали радиоактивни извори хируршки вградени во туморот и се нарекува брахитерапија со ниска доза. Радиоактивното зрачење може да биде испорачано и преку тенки апликатори (во форма на игли)  поставени внатре во простатата и ваквата терапија се нарекува брахитерапија со висока доза. Идејата на ваквиот тип на третман е да се испорача и достави висока доза на зрачење до простатата и сведување на минимум на оштетувањето на другите ткива. Сепак ризикот од уринарни проблеми е повисок отколку со радиотерапија, а ризикот од сексуална дисфункција е ист. Проблемите со цревата се исто така помали.

Хормонска терапија – често користена во комбинација со радиотерапија поради зголемување на успешноста од третманот. Дејствува на тој начин што ја намалува прогресијата на напреден карцином на простата и ублажување на симптомите. Бидејќи хормоните вршат контрола на растот на клетките напростатата, карциномот на простата има потреба од хормонот тестостерон за негово растење. Целта на хормонската терапија е блокирање на ефектите на тестостерон, или преку прекинување на продукцијата или оневозможување на телото да го користи тестостеронот. Може да се даде во форма на инјекции кои ја запираат продукцијата на тестостерон или таблети за да ги блокираат ефектите или намалат продукцијата на тестостерон или комбинација од двете. Несаканите ефекти се на ниво на тестостерон и тука спаѓаат губење на либидото и еректилна дисфункција (многу почесто со употреба на инјекции).

Трансуретрална ресекција на простата– постапка која може да помогне во ослободување на притисокот од уретрата . Се изведува со општа анестезија или спинален анестетик (епидурална анестезија.

Криотерапија – метод на убивање на канцерогените клетки со замрзнување. Понекогаш се користи за лекување на мажи со локализиран карцином на простата кој не се шири надвор од тоа ткиво. Мали сонди, наречени криоигли се вметнуваат во простатата низ ѕидот на ректумот. Тие ја замрзнуваат простатата и ги убиваат канцерогените клетки, но и некои нормални клетки исто така умираат.

Хемотерапија – често се користи за лекување на карцином на простата кој се шири на другите делови од телото. Делува на тој начин што ги уништува канцерогените клетки преку интерференција со начинот на размножување. Не го лекува карциномот, но помага во контрола и продолжување на животниот век. Ги намалува симптомите како на пример болка.

Стероиди – се употребуваат кога хормонската терапија не делува, поради резистентност на карциномот кон терапија. Делуваат на начин да го намалат туморот или да го прекинат неговиот раст. Најефективен третман со стероиди претставува dexamethasone.

Други медицински третмани кои може да се користат за лекување на мажи со метастатски карцином на простата кој повеќе не дава одговор кон стандардна хормонска терапија се: abiraterone, anzalutamide и radium-223 dichloride.

Референци:

  1. National Health Service. Prostate cancer. Retrieved from https://www.nhs.uk/conditions/prostate-cancer/. Last review 06.2018. Last accessed 2019.
  2. Prostate Cancer Foundation of Australia. Men’s Health Week. Retrieved from https://www.prostate.org.au/get-involved/events/find-an-event/mens-health-week-2019/. Last accessed 2019.
  3. Prostate Cancer Foundation of Australia. Men’s Health Week. Retrieved from https://www.prostate.org.au/get-involved/events/find-an-event/mens-health-week-2019/. Last accessed 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.