Medicine

Индикациони подрачја и резултати од третман со дидрогестерон

Индикациони подрачја и резултати од третман со дидрогестерон

Дидрогестерон е синтетски хормон, сличен на природниот прогестерон. Има широко индикационо подрачје, за менструални нарушувања кои се резултат на дефицит на прогестерон. Дидрогестерон е орално активен прогестоген, кој делува директно на рецепторите на матката, создавајќи комплетен секреторен ендометриум во матката, прогестоген кој работи со регулирање на здрав раст и нормално пролевање на слузницата на матката. Кај жените, прогестеронот е одговорен за развој на здрава постава на матката – ендометриумот, кој е неопходен за бременост. Телото произведува прогестерон во одреден период од менструалниот циклус. Ако фертилизирана клетка не се закачи за ендометриумот до крајот на месечниот менструален циклус, се намалуваат нивоата на прогестерон. На терапевтски нивоа, дидрогестеронот нема контрацептивно дејство, бидејќи не ја инхибира или не интерферира со овулацијата. Покрај тоа, дидрогестеронот нема андрогено, естрогено, кортикоидно, анаболно дејство. Дидрогестеронот помага да се регулира здравиот раст и нормалното луштење на поставата на матката. Затоа, може да биде корисно во третманот на менструални нарушувања како што се отсутни, неправилни или болни менструални периоди, неплодност, предменструален синдром и ендометриоза.

Дидрогестерон е индициран за нарушување на ментруалниот циклус, ендометриоза, дисменореа, неплодност поради инсуфициенција на жолтото тело, загрозувачки и хабитуален абортус поврзан со докажан недостаток на прогестерони. Дидрогестерон може да се употребува како додаток на циклична естрогенска терапија кај жени чии што утерус е зачуван, при превенција од ендометријална хиперплазија во постменопаузален период, дисфункциски крварења на утерусот и секундарна аменореа.

Употреба на дидрогестерон при заканувачки и хабитуален абортус

Во текот на нормална бременост прогестеронот делува по патот на PIBF (progesterone induced blocking faktor) во креирањето на антиинфламаторниот одговор на цитокините. Дидрогестерон своето дејство на лимфоцитите го индуцира со формирање на PIBF и поволно влијае на односот Th1/Th2, инфламаторни(Th1) и антиинфламаторни цитокини (Th2). Недостаток на NO (азот оксид) како силен вазодилататор во плацента, може да биде поврзан со компликации во бременоста. Намалениот проток на крв низ утерусот е поврзан со повторувачки или хабитуален абортус. Главниот метаболит на  дидрогестерон статистички значајно ја зголемува синтезата на  NO во ендотелните клетки во споредба со плацебо. Го зголемува протокот низ утерусот статистички значајно повеќе во споредба со микронизираниот прогестерон (p<0.0001).

При заканувачки абортус има статистички значајна разлика за успешно продолжување на бременоста кај жени кои биле на терапија со дидрогестерон (95,9%) и жени во контролната група (86,2%). Кај жени кои примаат дидрогестерон, студиите укажуваат на 2,2 пати помалку хабитуални абортуси во споредба со контролната група. Без разлика помеѓу  hCG и контролната група во процент на абортуси, и без несакани дејства кај жени лекувани со дидрогестерон.

Заканувачки абортус – Почетна доза: четири таблети Dabroston наеднаш и после тоа одма по една таблета дидрогестерон на секои 8 часа. Ако симптомите во текот на лекувањето не поминат или повторно се вратат, дозата треба да се зголеми за по една таблетадидрогестерон на секои 8 часа. Делотворната доза треба да се продолжи уште една недела после губењето на симптомите, после што дозата може постепено да се намалува. Доколку се вратат симптомите лекувањето треба да се продолжи со дозата која се покажала делотворна.

Хабитуален абортус – Една таблетадидрогестерон на ден до 20. недела од бременоста а потоа може постепено да се намалува. Лекувањето по можност треба да се започне пред зачнување. Ако за време на лекувањето се јават знаци на заканувачки абортус, лекувањето треба да се продолжи како што е опишано за таа индикација.

Предности на дидрогестерон во однос на микронизиран прогестерон

Проспективна, рандомизирана, компаративна еднострано слепа студија ги покажува разликите помеѓу дидрогестерон и микронизиран прогестерон. Студијата опфатила жени со идиопатски,   ≥ 3 последователни рекурентни абортуси, кај кои е пратена бременост со зачнување по природен пат, во оваа група едните примале орален дидрогестерон 10mg BID  (n= 50), а другите микронизиран прогестерон вагинално 100mg TID (n= 51); и жени без историја на рекурентни абортуси, како контролна група, без терапија  (n= 32). Третманот е даван во тек на 4 недели, започнат после потврдување на бременост во  7.- 8.недела и продолжен се до 12. недела. Резултатите покажале дека PSV (peak systolic velocity- пик на ситолна брзина) значајно се зголемила после примена на дидрогестерон  (P < 0.001), додека пак микронизираниот прогестерон покажал незначително зголемување. Двата третмани покажале високо статистички значајни промени додека пак немало промени во контролната група. Дидрогестеронот има помала стапка на абортуси во споредба со вагиналниот микронизиран прогестерон (12% vs. 21.6%).

Микронизираниот прогестерон има несакани дејства како поспаност, вртоглавица. Има ниска биорасположливост, се метаболизира при прв премин низ црн дроб, големи индивидуални варијации во метаболизмот. Потреба за високи дози.

Дидрогестерон е лек со долга традиција. Има ретро-стероидна структура слична на хуманиот прогестерон Добра апсорпција и подносливост. Потентно прогестагено дејство на ендометриумот, нема естрогено, андрогено, анаболичко дејство.

Дабростон во останати индикации

При студија направена кај секундарна аменореја, по лекување 5 дена, предизвикано е крварење кај – 21/22 жени на MPA после 5 дена; 24/26 на  didrogesteron после 3 дена лекување. Единствено несакано дејство е масталгија. Во овој случај на секундарна аменореја е неопходна истовремена употреба на естроген, кој се дава од 1. до 25. ден од циклус, при што од  11. до 25. ден во комбинација со една таблета дидрогестерон на ден. За одвивање на следниот менструален циклус, терапијата започнува со примена на естроген од 5. до 25 после почеток на крварење. Дидрогестерон се дава од 11. до 25. ден.

352 жени со дијагностицирано пореметување на менструален циклус ( 72 метрорагијa, 83 менометрорагија, 128 полименореја, 69 олигоменореја ), примиле терапија со  didrogesteron од 11-25 ден од циклус 10 mg / dan. Кај жени со полименореја и олигоменореја дидрогестеронја регулирал должината на менструалниот циклус од  3. циклус со терапија како и после терапијата. Кај жени со полименореја, менометрорагија и метрорагија дидрогестерон го регулирал траењето на менструалното крварење за време и после терапијата. Кај жени со полименореја, менометрорагија и метрорагија, дидрогестерон ја регулирал количината на менструалното крварење за време и после терапија со просечна оцена од 2,72 на 1,9. Дидрогестеронја намалил болката кај жени со неправилни менструални циклуси за време и после терапија ( 76% намалена болка).

При дисфункционално крварење од матката, крварењето ќе се запре со примена на лекот  10 mg 2 пати дневно во тек на 5 до 7 дена. Во континуирана терапија дидрогестерон 10 mg се применува два пати дневно од 11. до 25. ден од менструален циклус. Симптоми: болки во мала карлица, дисменореја, диспареунија.

Ендометриоза – две до три таблети   на ден од  5. до 25. ден или за време на цел менструален циклус. Студија која опфатила 89 жени со ендометриоза со или без неплодност (дидрогестерон постлапароскопски 10-20 mg/ден од 5-25 ден од циклус 3-6 месеци после лапароскопија), покажала после 6 циклуси намалување на болки во мала карлица за  95%, дисменореја за 87%, диспареунија за 85%, намалена количина (-12%) и траење на крварење (-10%). 16,7 % жени останале бремени. Без забележани несакани дејства.

Д-р Венци Чалков

Референци:

  1. Omar MH et al. Journal of Steroid Biochemistry & Molecular Biology. 2005: 97; 421-425
  2. Dydrogesteron in the reduction of recurrent spontaneus abortion. El-Zibdeh MY. Journal of Steroid Biochemistry & Molecular Biology. 2005; 97:431-434
  3. A systematic review of dydrogesterone for the treatment of threatened miscarriage. Howard Carp. Gynecological Endocrinology, 2012; Early Online: 1–8
  4. Comparison of oral dydrogesterone with suppository vaginal progesterone for luteal-phase support in in vitro fertilization (IVF): A randomized clinical trial. Iran J Reprod Med. 2013 Nov; 11(11): 913–918
  5. Cycle regulation with didrogesteron in Indian women. Anklesaria B. et al. Obs & Ginae. 1999; 4: 559-564

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.