3

Идентификувани се неколку молекули кои ја прекинуваат репликацијата на SARS-CoV-2 преку таргетирање на вирусната полимераза

SARS-CoV-2, коронавирусот кој ја предизвикува болеста COVID-19 и најголемата здравствена криза во 21от век, користи протеин наречен полимераза со цел да го реплицира својот геном во инфицираните човечки клетки. Прекинувањето на полимеразната реакција ќе го запре реплицирањето на вирусот, што доведува до негова последователна ерадикација од страна на имунолошкиот систем на домаќинот.

Истражувачите од Columbia Engineering и University of Wisconsin-Madison идентификувале група на молекули кои ја прекинуваат SARS-CoV-2 полимеразната реакција, клучен чекор што го утврдува потенцијалот на овие молекули како водечки соединенија кои понатаму ќе бидат модифицирани за потенцијален развој на терапија за COVID-19. Пет од овие молекули се веќе одобрени од FDA за употреба при третман на други вирусни инфекции, вклучувајќи HIV / AIDS, цитомегаловирус и хепатитис B. Новата студија е објавена на 18 јуни 2020 година, во Antiviral Research.

Тимот од Columbia Engineering првично откри дека активниот трифосфат на лекот софосбувир и неговите деривати, кои се користат во третман на хепатитис C, можат да дејствуваат како потенцијални инхибитори на полимеразата на SARS-CoV-2.  Научниците оваа претпоставка ја испитале заради молекуларните особености на овие молекули и специфичните барања и потреби за репликација на хепатитис C и познатите коронавируси.  Во претходно изведените експерименти со кои се тестираат својствата на полимеразата на коронавирусот SARS-CoV, истражувачите откриле дека трифосфатот на софосбувир може успешно да ја прекине висурната полимеразна реакција. Притоа, тие покажале дека софосбувир и уште четири други нуклеотидни аналози (активните трифосфатни форми на HIV инхибиторите аловудин, зидовудин, тенофовир алафенамид и емтрицитабин) исто така ја инхибираат полимеразата на SARS-CoV-2 со различни нивоа на ефикасност.

Користејќи го знаењето стекнато во овие испитувања, тимот изготви стратегија да избере 11 нуклеотидни аналогни молекули со различни структурни и хемиски својства како потенцијални инхибитори на полимеразите на SARS-CoV и SARS-CoV-2. Во изведениот експеримент, сите  11 молекули прикажале инкорпорирање во генетскиот материјал, шест покажале непосредно прекинување на полимеразната реакција, две покажале одложено прекинување и три не ја прекинале реакцијата на полимеразата.

Пролековите на пет од испитуваните нуклеотидни аналози (цидофовир, абакавир, валганцикловир / ганцикловир, ставудин и ентекавир) кои имаат способност да ја прекинат полимеражната реакција на SARS-CoV-2 се одобрени од FDA за третман на други вирусни инфекции и нивните безбедносни профили се добро познати. Доколку со планираните испитувања се докаже потенцијална потентност на лековите да ја инхибираат вирусната репликација во клеточна култура, тогаш молекулите кандидати и нивните модифицирани форми можат да бидат соодветно евалуирани и бидат разгледувани како потенцијална терапија за COVID-19.

Авторите на студијата се надеваат дека структурните и хемиските карактеристики на молекулите кои ги идентификувале, во корелација со нивната инхибиторна активност на SARS-CoV-2 полимеразата, можат да се користат како основа за дизајнирање и синтетизирање нови соединенија за развој на терапија за COVID-19.

REFERENCE:

Steffen Jockusch, Chuanjuan Tao, Xiaoxu Li, Thomas K. Anderson, Minchen Chien, Shiv Kumar, James J. Russo, Robert N. Kirchdoerfer, Jingyue Ju. A library of nucleotide analogues terminate RNA synthesis catalyzed by polymerases of coronaviruses that cause SARS and COVID-19. Antiviral Research, 2020;

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.