2

Идентификуван е зголемен ризик од брадикардија кај повозрасните COVID-19 пациенти кои биле третирани со lopinavir/ritonavir

Според новата студија објавена во Circulation: Arrhythmia and Electrophysiology, повозрасните, критично болни пациенти дијагностицирани со COVID-19, кои се третирани со лопинавир/ритонавир, имаат зголемен ризик за развој на брадикардија.

Брадикардија се дефинира како патофизиолошка состојба карактеризирана со помалку од 60 срцеви на минута, во период подолг од 24 часа. Брадикардијата може да води до намален крвен проток, при што можат да се јават бледило, болки во градите, низок крвен притисок или конгестивна срцева слабост. Според Светската Здравствена Организација, потврдени се околу 12 милиони случаи на брадикардија на светско ниво.

Во студијата која опфатила 41 пациент со COVID-19 примени во одделите на интензивна нега во една француска болница, истражувачите ги испитале повозрасните пациенти на кои им бил пропишана комбинацијата лопинавир/ритонавир. Пациентите биле третирани со 200 mg лопинавир и 50 mg на ритонавир двапати дневно и биле подложени на континуиран електрокардиографски мониторинг, при што научниците забележале дека 22% од пациентите развиле брадикардија подолга од 24 часа. Брадикардијата генерално настанала најрано 48 часа после иницијација на терапијата. Определувањето на крвната концентрација на ритонавирот 72 часа по започнувањето на терапијата ја корелирало брадикардијата со повисока крвна концентрација на ритонавирот. Било забележано дека со прекинување или редуцирање на дозата на ритонавир настанало повлекување на брадикардијата.

Авторите нагласуваат дека брадикардијата може да претставува знам за кардиолошки или невролошки оштетувања бидејќи истата е асоцирана со лимфопенија која ја рефлектира сериозноста на COVID-19. Докторите од интензивна нега треба да бидат свесни за овој потенцијален несакан ефект и да ја мониторираат лопинавир/ритонавир плазматската концентрација, особено кај повозрасните пациенти.

REFERENCE:

Beyls C, Martin N, Hermida A, et al. Lopinavir-ritonavir treatment for COVID-19 infection in intensive care unit: risk of bradycardia. On line published on: 09 July 2020. Available at : https://www.ahajournals.org/doi/10.1161/CIRCEP.120.008798  (Date accessed: 16 July 2020).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.