Children Medicine

Ибупрофен сируп – прва линија на терапија кај децата

Ибупрофен сируп – прва линија на терапија кај децата

Вештина на лекарот е избор на терапија која ќе обезбеди максимална ефикасност и најмалку несакани реакции за секој пациeнт поединечно .

Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) спаѓаат во лекови кои се најчесто препишуваат и користат поради антиинфламаторното, антипиретско и аналгетско дејство. Во светот ги користат повеќе од 30 милиони луѓе секој ден.

Ибупрофенот е откриен 1969 година и набргу станува еден од често препишуваните лекови. Ефикасноста, добрата подносливост и безбедениот профил влијаат овој лек долго да се задржи во клиничката пракса. Во однос на другите NSAIL, ибупрофенот  има еден од најниските ризици за развој на гастроинтестинални компликации, ниска хепатотоксичност и поволен кардиоваскуларен профил со низок ризик од појава на несакани дејства.

Ибупрофенот има широк спектар на дејстово во поглед на неговите индикации за различен тип на болка било да е од акутна или хронична природа.

Терапевски индикации: Ибупрофенот е индициран за третман на ревматоиден артритис, други ревматски заболувања, индициран е и во третман на повреди на меки ткива, во олеснување на болка кај дисменореа, стоматолошки и постоперативни болки, пост-партум болка, главоболка и мигрена.

Фармаколошки својства

Антиинфламаторни и антиревматски лекови, нестероидни деривати на пропионска киселина, со аналгетско, антиинфламаторно и антипиретско дејство. Терапевскиот ефект е како резултат на инхибиторниот ефект на ензимот циклооксигеназа кое резултира со редукција на синтеза на простагландинот. Ова овозможува симптоматско ослободување од воспалението, болката и треската.

Фармакокинетски својства

Ибупрофенот целосно се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт со биорасположливост од 80-90%. Врвот на серумска концентрација се постигнува еден до два часа по администрација. Се метаболизира преку црниот дроб преку цитохром P450. Екскреција преку бубрезите е рапидна и комплетна. Полувреме на елиминација е околу 2 часа. Во ограничени студии ибупрофенот се излачува во мајчиното млеко во мали концентрации.

Во овој текст поголем фокус ќе имаме на ибупрофен сируп кај детската популација

Тука спаѓа и една од побитните индикации на Ибупрофен сируп и тоа :

  • Краткотрајна терапија на фебрилни состојби кај деца над 3 месеци (над 5 kg телесна тежина).

Зголемената телесна температура кај педијатриската популација често се јавува после вакцинација и може да биде поврзана со болка.Во нашата секојдневна пракса, ибупрофен сирупот често се препорачува како лек. Причина за тоа се неговите докажани дејства како: аналгетик, антипиретик и антиинфламаторен лек.

Телесната температура е многу важен дел од одбранбениот систем на човечкиот организам, а каj децата висока температура може да се појави и кај најобична настинка.

Вирусната и бактериската инфекција, како и растот на првите запчиња, се најчестите причини за зголемена телесна температура кај децата.

Ибупрофен сируп е лек кој може да ни помогне во сите спомнати ситуации и тоа од неколку причини :

  • Побрзо ја намалува температурата споредбено со парацетамол
  • Поефикасен од парацетамол во намалување на телесната температура
  • Има подолго антипиретско дејство

Ибупрофен е сигнификантно поефикасен во намалувањето на телесната температура кај децата и има подолго антипиретско дејство во споредба со парацетамолот после 4, 5, 6, 7 и 8 часа од земањето на терапијата (p < 0.02).

 

 

 

 

 

 

Многу важен аспект преставува и безбедносниот профил на ибупрофен сирупот споредбено со парацетамол и тоа:

  • нема сигнификантна разлика помеѓу бројот на несакани дејства во терапевтските групите кои примале ибупрофен и парацетамол (p=34);
  • хепатотоксичност на парацетамол:при зголемени дози, парацетамол предизвикува центролобуларна хепатична некроза која може да биде фатална;
  • повеќе од една половина на сите примероци на акутни пореметувања на фукцијата на црниот дроб во Велика Британија и USA се поврзани со употребата на парацетамол;
  • прва линија за лекување на зголемената телесна температура кај децата по последниот NICE (National Institute for Health and Care Excellence) водич.

Ибупрофенот за разлика од парацетамолот, поседува антиинфламаторно дејство.

Кај помалата популација доста битен момент при одлука кој лек ќе го употребиме преставува и вкусот на самиот сируп . Ибупрофен сируп со вкус на портокал е погоден и прифатлив од самите наши пациенти . Погодниот начин на  дозирање 20 -30 mg ибупрофен /kg  телесна тежина на секои 6 часа и 12 месечниот период на употреба после отварање (во зависност од формулацијата – да се провери упатството) преставуват уште една погодна предност за нашите пациенти.

Др. Зејнеп Биљали-Шуајиби

Референци:

  1. Збирен извештај за особините на лекот Бруфен , Фебруари 2019 .
  2. 2.Irvine J, Afrose A, Islam N. Formulation and delivery strategies of ibuprofen:challenges and opportunities
  3. Medicins Sans Frontieres.Essential drugs-practical guidelines.2016 edition
  4. Conaghan PG.A turbulent decade for NSAIDs:update on current conceps of classification, epidemiology, comparative efficacy and toxicity.
  5. Garcia Rodriguez LA, Cattaruzzi C, Troncon MG, Agostinis L,Risk of hospitalization for upper gastrointestinal bleeding associated with ketorolac,other NSAIDs, calcium antagonisst and other antihipertrnsive drugs.ARCH intern MED 1998.,158:33-9
  6. McIntyre J and Hull D. Arch Dis Child 1996;74: 164–167. Sanchez-Matienzo D, Arana A, Castellsague J, Perez-Gutthann S. Clin Ther. 2006 Aug;28(8):1123-32
  7. Fever in under 5s: assessment and initial management Clinical guideline [CG160] Published date: May 2013 dostupno na https://www.nice.org.uk/guidance/cg160; datum pristupa 01.11.2016.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.