HPV

ХПВ вакцинација како примарна превенција од карцином на грлото на матката

ХПВ вакцинација како примарна превенција од карцином на грлото на матката

ХПВ инфекцијата e најчеста сексуално пренослива инфекција во светот предизвикана од човечкиот папиломавирус ( ХПВ). Досега се идентификувани повеќе 100 типови на ХПВ, од кои повеќе од 30 се полово преносливи. Типовите на вирусот кои покажуваат сериозни абнормалности на пап тестовите се нарекуваат „типови од висок ризик“ (16, 18, 31 и 45). Инфекцијата од овие типови на вирусот може да прогредира до развој на карцином на грлото на матката, вулвата, анусот или пенисот. Другите типови на ХПВ кои обично не предизвикуваат некои посериозни цитолошки нарушувања претставуваат типови од „низок ризик“ (6 и 11).

ХПВ вакцинацијата има за цел превенција од развој на инфекција од страна на одредени типови ХПВ. Првата ХПВ вакцина е одобрена во 2006 година, а од 2017 година вкупно 71 земја ја вклучуваат ХПВ вакцинацијата во нивните редовни програми за имунизација, барем за девојињата. Светската здравствена организација (СЗО) ги препорачува ХПВ вакцините како дел од редовните програми за имунизација во сите земји, заедно со други превентивни мерки. Потребни се две или три дози во зависност од возраста на лицето и имуниот статус. Препорачана возраст за вакцинирање на девојчињата е од 11 до 12 години (вакцинацијата може да се започне и на 9 годишна возраст), а самите вакцините обезбедуваат заштита барем 5 до 10 години. Важно е да се напомене дека редовниот скрининг за рак на грлото на матката е сèуште неопходен.

Се проценува дека вакцинацијата можат да спречи 70% од случаите на карцином на грлото на матката, 80% од случаите на карцином на анусот, 60% од случаите на вагинален карцином, 40% од карциномите на вулвата и можеби некоу случаи на орално карциноми. Вакцините дополнително спречуваат развој на генитални брадавици предизвикани од „ниско – ризични типови“ на ХПВ.

ХПВ вакцините се безбедни, а најчести несакани ефекти се црвенило, болка и оток на местото на инјектирање, како и можност од благо покачување на телесната температура. Не постои поврзаност на вакцината со Guillain–Barré синдромот.

И покрај тоа што ХПВ вакцини го намалуваат бројот наслучаи на рак на грлото на матката за 2/3 на светско ниво, не секој може безбедно да ја прими вакцината. Постојат неколку фактори кои ја прават оваа вакцина контраиндицирана кај одредени пациенти, а тие пациенти се:

  • Лица со историја на директна хиперсензитивност на одрдена компонента на вакцините. На пример, пациентите со хиперсензитивност на квасец не треба да примаат Gardasil бидејќи квасецот се користи во неговото производство.
  • Лица со умерени или тешки акутни заболувања. Ова не ја исклучува оваа група на пациенти целосно од вакцинацијата, но го одложува времето на вакцинација додека не се подобри состојбата.

Тие не се лек за веќе настанати надворешни генитални лезии; цервикален, вулварен, вагинален и анален карцином; или цервикална интраепителна неоплазија (CIN), вулварна интраепителна неоплазија (VIN), вагинална интраепителна неоплазија (VaIN) или анална интраепителна неоплазија (AIN).

Вакцините се администрираат интрамускуларно во делтоидниот регион на надлактицата или во повисоката антеролатерална област на бутот.

Одобрени се три вакцини од страна на FDA кои ја спречуваат инфекцијата соодредени типови на ХПВ: Gardasil®, Gardasil® 9 и Cervarix®. Сите три вакцини ја спречуваат инфекцијата со ХПВ тип 16 и 18, двата високоризични  ХПВ типови кои ги предизвикуваат околу 70% од случаите на рак на грлото на матката и уште поголем процент на некои други карциноми предизвикани од ХПВ. Gardasil, исто така, ја спречува инфекцијата со ХПВ типовите 6 и 11, кои ги предизвикуваат 90% од сите случаи на генитални брадавици (кондиломи). Gardasil 9 ја спречува инфекцијата со истите четири ХПВ типови, плус пет дополнителни типови кои предизвикуваат рак (31, 33, 45, 52 и 58).

Одмај 2017 година, Gardasil 9 е единствената ХПВ вакцинадостапназаупотребаво САД. Cervarix и Gardasilсеуштесекористатводругиземји.

Gardasil е четири-валентна рекомбинантна вакцина која заштитува од инфекции со ХПВ типовите 16, 18, 6и 11. Се користи за превенција на инфекции со ХПВ и следствено на тоа заштитува и од карциноми на грлото на матката, вагината, вулвата и останати заболувања како генитални брадавици. Самата вакцина не ја лекува постоечката инфекција, но се препорачува и за инфицирани индивидуи бидејќи заштитува од повеќе типови на ХПВ. Се препорачува за девојки и жени на возраст од 9 до 26 години. Исто така вакцинацијата со ХПВ вакцина не треба да се смета за замена на редовни гинеколошки прегледи и пап тестови, туку само нивно надополнување.

Gardasil 9 e 9-валентна вакцина одобрена од страна на FDA во 2014 година и е прва генерација на вакцина која заштитува од 9 типови на ХПВ и тоа 16, 18, 6, 11, 31, 33, 45, 52 и 58. Оваа вакцина се препорачува за редовна вакцинација на девојки и жени од 27 до 45 години. Се дава како три инјекции во период од 6 месеци и тоа втората доза се дава 2 месеци по првата, а третата се дава 6 месеци по првата.

Cervarix е дво-валентна рекомбинантна вакцина која штити против инфекција со високоризичните ХПВ типови16 и 18 со цел да превенира развој на карцином на грлото на матката и е индицирана како редовна вакцинација кај девојки од 9 до 25 години во 3 дози.

Референци:

  1. Информации за ХПВ вакцинација за клиничари од Центарот за контрола и превенција од болести (https://www.cdc.gov/hpv/hcp/need-to-know.pdf)
  2. ХПВ вакцинација – информации од Светска здравствена организација (https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/255353/WER9219.pdf?sequence=1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.