Hypothyroidism

Хипотироидизам

Хипотироидизам

Тироидната жлезда се наоѓа на долниот преден дел на вратот, под Адамовото јаболко. Оваа жлезда го синтетизира хормонот тироксин којшто има главна улога во контролата на метаболизмот, односно брзината со која телото продуцира енергија од нутриентите и кислородот. Кога тироидната жлезда не продуцира тироксин во нормални физиолошки нивоа, метаболизмот може да се забави, односно да се развие состојба наречена хипотироидизам.

Симптоми

Ниски нивоа на тироксин може да продуцираат многу непријатни и опасни несакани ефекти и различни органи во телото може да бидат афектирани. Клиничката слика на хипотироидизам вклучува:

  • Покачување на телесната тежина
  • Замор
  • Промени во расположение, конфузија или депресија
  • Сува кожа или коса
  • Констипација
  • Прекумерна осетливост кон ниска температура
  • Груб глас и забавен говор
  • Трпнење на раце и прсти
  • Главоболки

Ризик фактори

Женскиот пол е поподложен за развој на хипотироидизам. Исто така, возраста е ризик фактор за нарушување на функцијата на тироидната жлезда, односно ризикот се зголемува со зголмување на возраст над 50 години. Понекогаш, хипотироидизам може да биде резултат на нарушување на функцијата на имуниот систем, инфекција, тумор или примена на одреден лек.

Третман

Хипотироидизмот е хронична состојба која изискусува потреба од заместителна терапија на тироксин. Во терапија се користи levothyroxine, лек што има функција да ги надомести нивоата на тироксин и да ја намали зголемената тироидна жлезда.

Контролата на хипотироидизам наметнува потреба од долгорочна заместителна терапија. Levothyroxine се смета како лек со тесен терапевтски индекс. Тоа го зголемува ризикот за несакни ефекти како последица на токсични концентрации на лекот во крвта или пак отсуство на терапевтски ефект како последица на субтераписки концентрации на лекот во крвта. Дозата ја одредува лекарот, во зависност од телесната тежина на пациентот и ја прилагодува во зависност од клиничката слика. Levothyroxine се администрира во исто време секој ден, ½ – 1 час пред појадок со полна чаша вода. Повеќето од пациентите долгорочно ја примаат терапијата со levothyroxine. Многу значајно е дека не смее нагло да се прекинува терапијата. Следењето на нивоата на тиреостимулирачки хормон (TSH) е исто така од голема важност.

Чести несакани ефекти како последица на предозирање со levothyroxine:

  • Нервоза
  • Губење на телесна тежина
  • Тахикардија
  • Иритабилност
  • Анксиозност

Лекови кои може да ги намалат нивоата на тироксин

Одредени лекови, како на пример: lithium, amiodarone, интерферони и bexarotene потенцијално водат кон хипотироидизам или влошување на веќе постоечки хипотироидизам.

Многу важно е да се евалуира претходната историја на пациентот, вклучително и пропишани лекови, ОТС лекови, па дури и витамини и хербални суплементи. Кога се примнуваат поголем број на лекови, ризикот за интеракции помеѓу нив е многу голем. Исто така, не смее да се занемари фактот дека дури и хербалните додатоци на исхрана може да стапат во интеракција со лекови. Најчестите лек-лек интеракции се помеѓу levothyroxine и поливалентни катјони (пр. железо, калциум и аломиниум што влегуваат во состав на витамини, минерали и антациди) кои имаат за последица намалена апсорпција на лекот. Други лекови кои може да стапат во интеракција со levothyroxine и да ја намалат неговата апсорпција се cholestyramine, colestipol и raloxifene.

Референци:

  1. Guidelines for the Treatment of Hypothyroidism. American Thyroid Association. Thyroid. 2014;24: 1670-1751. Accessed 2019 at http://online.liebertpub.com/doi/pdf/10.1089/thy.2014.0028
  2. Synthroid Package Insert. Accessed 1/31/2018 at http://www.rxabbvie.com/pdf/synthroid.pdf
  3. FDA Consumer. Thyroid Medications: Q and A with Mary Parks, M.D. Accessed 2019 at https://www.drugs.com/fda-consumer/thyroid-medications-q-a-with-mary-parks-m-d-26.html
  4. com. Standard Treatment for Underactive Thyroid Gland Still Best: Experts. Accessed 2019 at https://www.drugs.com/news/standard-underactive-thyroid-gland-still-best-experts-53381.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.