2

Генетските варијации се одговорни за различниот клинички тек на КОВИД-19 кај младите и здрави индивидуи

Клиничката слика на КОВИД-19 се карактеризира со значително различен тек кај различни индивидуи афектирани од болеста. Всушност, само некои инфицирани лица се разболуваат, и досега е докажано, како што е и очекувано, дека повеќето критично болни пациенти се повозрасни лица или лица со хронични срцеви, пулмонарни, ренални или ендокринолошки нарушувања. Сепак, летален исход на болеста е забележан и кај релативно млади и претходно здрави индивидуи. Затоа истражувачите се обидуваат да ги откријат DNA-варијациите во геномите кај овие пациенти, со што би се објаснило зошто некои млади пациенти подлегнуваат на болеста, а другиот, поголем дел, се само асимптоматски носители на вирусот. Наодите може да се искористат за да се идентификуваат оние кои се под најголем ризик од сериозни компликации и оние кои би можеле да бидат ефикасно заштитени, а во крајна цел, овие откритија може да доводат до развој на нова терапија на болеста.

Во обидите да се пронајдат генетските варијации одговорни за тежок клинички тек на болеста, научниците се вклучени во голем број на проекти во кои се анализира DNA на пациенти кои моментално се борат со КОВИД-19 или пациенти кои оздравеле или починале во државите со голема инциденца на заболувањето, како што е Италија. Целта е да се спореди DNA на лицата кои презентираат тешки клинички симптоми на КОВИД-19 (но не се дијагностицирани со некое хронично заболување) со DNA од лицата кои се асимптоматски носители или имаат лесна или многу лесна клиничка слика на болеста. Она што е забележливо е разликата во клиничките исходи на КОВИД-19 во различни држави – имено, некои богати европски држави имаат стапка на смртност повисока од 10%, а сиромашни азиски и африкански држави од друга страна имаат леталност пониска од 2-3%. Покрај големата разлика во просечната возраст на населението во развиените и неразвиените земји, научниците се заинтересирани дали локалните DNA варијации се одговорни за значителните разлики во морталитетот помеѓу државите и регионите.

Научниците сметаат дека е рано да се предвиди исходот од овие генетски истражувања. Сепак, од досегашните студии може да се претпостави дека генот кој го кодира површинскиот клеточен протеин – ангиотензин конвертиралки ензим 2 (ACE2) преку кој вирусот навлегува во клетката би бил од особен интерес во овие студии. Варијации на ACE2 генот кои го менуваат самиот рецептор очекувано е да допринесат во полесно или потешко навлегување на вирусот во клетките во респираторното стебло кај човекот. Освен овие генетски варијации на  ACE2 генот, научниците се обидуваат да разберат дали разликите во human leukocyte antigen genes, кои го одредуваат одговорот на имуниот систем кон вируси и бактерии ја афектира сериозноста на клиничкиот тек на болеста КОВИД-19. Освен тоа, некои се обидуваат да ја проверат робусноста на студијата издадена од кинеските научници во која тие тврдат дека луѓето со О крвна група покажуваат полесна клиничка слика кон инфекцијата со новиот коронавирус.

Брзото ширење на вирусот во различни региони овозможува да се зголеми бројот на пациенти болни од КОВИД-19 со што би се забрзале овие генетски истражувања. Експертите очекуваат дека идентификација на одредени гени кои влијаат на исходот на болеста би била реалност во следните неколку месеци.

REFERENCE:

Keiser J., How sick will the coronavirus make you? The answer may be in your genes, Science magazine, 2020. Available at: https://www.sciencemag.org/news/2020/03/how-sick-will-coronavirus-make-you-answer-may-be-your-genes

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.