1

Фон Вилбрандовиот фактор (VWF) има потенцијална улога во клиничкиот исход на COVID-19

Тешкиот клинички тек на COVID-19, можеби е поврзан со фон Вилбрандовиот фактор (анг. von Willebrand factor-VWF), според новата хипотеза од Универзитетот во Санкт Петерзбург.

VWF е една од главните компоненти на коагулациониот систем, а создавањето на тромбови е значаен дел од патофизиологијата на COVID-19 и е поврзано со голем дел од смртните исходи на болеста. Според соопштението за печатот издадено од универзитетот, вирусот го стимулира развојот на микро оштетувања на ѕидот на крвните садови, при што се ослободува VWF во крвта, а води до обид за репарација на оштетувањата и можна појава на згрутчување на крвта.

Исто така, VWF претставува потенцијална причина за разликите во клиничкиот тек на COVID-19 кај различни поединци. Дури и индивидуи кои се со иста возраст и слична здравствена состојба можат да покажат различни симптоми и сериозност на болеста. На пример, еден пациент може да има потреба од респиратор, додека друг може воопшто да е комплетно асимптоматски.. Според соопштението за печатот, ова може да се должи на различни нивоа на VWF во крвта.

VWF се синтетизира во ендотелијалните клетки и тромбоцити, а неговата главна функција е учество во адхезија на тромбоцитите. До денес, начинот на кој се регулира нивото на VWF во крвта сè уште не е целосно разјаснет; сепак, познато е дека се складира во специјални клетки во васкуларните ендотелијални клетки, од каде се екскретира во форма на мултимери. Штом се случи одредена штета на крвниот сад, VWF се ослободува во циркулацијата, започнува каскадата на коагулација на крвта во која тој има важно учество.

Од универзитетот сметаат дека сè уште е неопходно големо истражување за ефектот на VWF врз исходот на болеста. Авторите на студијата забележаа дека VWF може да објасни зошто хлорокин, лек од маларија, учествување во примарни испитувања како потенцијален третман за COVID-19. Според соопштението за печатот, хлорохинот влијае на процесот на автофагија во клетките, што помага да се регулира секрецијата на VWF.

REFERENCE:

Complications from COVID-19 may depend on von Willebrand factor in the blood (Press Release), St. Peteresburg University, Russia, July 3, 2020, EurekAlert! Accessed July 9, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.