2

Фебрилните конвулзии после вакцинација не го афектираат развојот на децата

Фебрилните конвулзии кои се јавуваат после вакцинација се нескани настани кои се вознемирувачки за родителите и може да бидат причина тие да ја изгубат довербата во вакцинацијата и да го прекинат процесот на редовна имунизација на своите деца.  Резултатите добиени од неодамна спроведена студија објавена во Neurology, медицинското списание на Американската академија за неврологија, не потврдуваат разлика во развојот и однесувањето кај децата кај кои се појавиле фебрилни конвулзии како несакана реакција по вакцинирање, деца кај кои се јавиле фебрилни конвулзии, но тие не се асоцирани со процесот на вакцинација и деца кои никогаш немале фебрилен напад. Со оваа студија се потврдува дека фебрилните конвулзии предизвикани од вакцинацијата не влијаат на понатамошниот развој на детето.

Во студијата компарацијата е направена помеѓу 62 деца кај кои фебрилните конвулзии се јавиле во рок од две недели по определена вакцинација, 70 деца кај кои се појавиле фебрилни конвулзии од друга етиологија, како и 90 деца без историја на фебрилни конвулзии. Сите деца вклучени во студијата биле помлади од 2 и пол години кога се појавиле фебрилнните конвулзии.

Детските когнитивни, моторни и јазични функции биле тестирани од овластени психолози за развој на деца, кои не ја познавале историјата на фебрилна конвулзија на децата. Нивното однесување било оценето и преку прашалници што ги пополниле нивните родители. Децата со фебрилни напади биле тестирани во рок од една до две години по фебрилната конвулзија.

Истражувачите не откриле никакви разлики во развојот, способноста за решавање на логички проблеми или однесувањето помеѓу децата кои имале фебрилни конвулзии појавени како несакна реакција по вакцинацијата и оние кои имале фебрилни конвулзии со друга етиологија или оние кои никогаш немале фебрилна конвулзија.

Дополнително во студијата се потврдува дека  и неколку други фактори не биле поврзани со развојни проблеми, а тоа се следните: фебрилна конвулзија која се случила пред една година; фебрилен конвулација која траела повеќе од 15 минути; или повеќе напади поврзани со висока температура по првата фебрилна конвулзија.

Сепак, постојат одредени ограничувања на студијата, како релативно малиот број на учесници. Од понатамошните студии се очекува следење на развојот на децата во подолг временски период.

Студијата била поддржана од Австралискиот национален совет за здравствени и медицински истражувања (анг. Australian National Health and Medical Research Council).

 REFERENCE:

Lucy Deng, Nicholas Wood, Kristine Macartney, Michael Gold, Nigel Crawford, Jim Buttery, Peter Richmond, Belinda Barton. Developmental outcomes following vaccine-proximate febrile seizures in children. Neurology, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.