Chemotherapy Drugs

Фармацевт во евалуација и верификација на перорална хемотерапија

Фармацевт во евалуација и верификација на перорална хемотерапија

Сè поголемиот број на достапни перорални тераписки алтернативи за третман на малигни заболувања, придонесува за зголемена независност на пациентите кога станува збор за нивната вклученост во процесот на лекување. Промените во начинот на администрација на терапијата значајно ја менува и клиничката пракса на обезбедување на здравствена грижа во третманот на пациентите – од фрекфентна супервизија при интравенска администрација на хемотерапија, кон периодична опсервација при нејзина перорална администрација. Сепак, примената на пер ос режими на хемотерапијата, исто како и режимите на интравенската администрација е поврзана со несакани настани, токсичност и значаен ризик за лек- лек интеракции и потреба за мултипна супортивна терапија, што во корелација со зголемената „независност“ на пациентот во придржувањето кон препораките на дозирање, наметнува дополнителни предизвици за ефикасно менаџирање на третманот на пациентите. Како за пример, издавањето на пропишаната орална хемотерапија во аптеките, без притоа фармацевтот да има пристап целосното здравствено досие на пациентот е поврзано со значаен ризик во однос на постигнување на поскауван тераписки исход и дополнителен финансиски товар врз здравствените системи.

Од тука, во насока на намалување на ризикот за медицински грешки при примена на перорална хемотерапија, но и за зголемена ефикасност на следењето на здравствената состојба на пациентите и евалуација на исходот и навремена идентификација и спречување на потенцијалните лек-лек интеракции, се почесто се истакнува потребата од активно  вклучување на клиничкиот фармацевт во процесот на евалуација и верификација на терапијата на онколошките пациенти.

Резултатите од неодамна спроведена проспективна, опсервациска студија, презентирана на годишниот состанок на здружението на хематолошки/онколошки Фармацевти во САД ја истакнуваат значајната улога на клиничкиот фармацевт во подобрување на здравствената грижа и истовремено намалување на непотребни медицински трошоци поврзани со онколошкиот третман на пациентите со малигни заболувања. Основна цел на студијата била да се процени влијанието на вклучување на клинички фармацевт во верификацијата на терапијата на онколошките пациенти во онколошки центар во САД. За целите на студијата спроведена е систематска евалуација на проскрипции на високо-ризични онколошки лекови (abiraterone, capecitabine, dabrafenib, dasatinib, ibrutinib, imatinib, temozolomide, trametinib). Анализата на податоците покажала дека кај приближно 70% од проскрипциите била неопходна дополнителна интервенција од страна на клиничкиот фармацевт. Вклучувањето на фармацевтот во процесот на верификација на проскрипциите на орална хемотерапија  само во  онколошкиот центар за период од 3 месеци резултирало со заштеда на  $40,000.  Во исто време, ефикасноста на центарот во обезбедување на здравствена грижа преку фармацевтскиот оддел се зголемил за 20%. Од тука, несомнено е дека вклучувањето  на фармацевт во грижата за онколошките пациенти преку верификација на проскрипцијата пред издавање на оралната хемотерапија значајно придонесува за намалување на ризикот за несакани реакции со лекови, реални заштеди во болничките буџети и позитивен ефект на целокупниот здравствен систем.

  1. Oncology Pharmacists Linked to Substantial Cost Avoidance. Retrived from https://www.pharmacypracticenews.com/Online-First/Article/04-19/Oncology-Pharmacists-Linked-to-Substantial-Cost-Avoidance/54651. Last accessed 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.