596377440

Ефикасност на ХПВ вакцината кон ХПВ-поврзаните карциноми

Ефикасност на ХПВ вакцината кон ХПВ-поврзаните карциноми

596377440

Во 1970-тите, хуманиот папилома вирус (ХПВ) за прв пат се поврзува со малигна трансформација на цервиксот. Оттогаш, станува јасно и дека специфичните серотипови на ХПВ се поврзани со најмалку пет дополнителни карциноми на епителните површини: вагинален, вулвуларен, анален, карцином на главата на пенисот и орофарингеален карцином. ХПВ денес е познат како сексуално преносливо заболување со најголема преваленца ширум светот. Скоро 95% од сите карциноми на цервиксот се поврзуваат со ХПВ и најголем дел од ХПВ-поврзаните морбидитети и морталитети се должат на овој тип на карцином.

Денес, постојат три клинички достапни ХПВ вакцини:

  • двовалентна ХПВ вакцина (Cervarix; Glaxo-SmithKline, Rixensart,Belgium) – насочена кон ХПВ серотиповите 16 и 18;
  • четиривалентна ХПВ вакцина (Gardasil; Merck & Co, Inc., Whitehouse Station, NJ) – насочена кон ХПВ серотиповите 6, 11, 16 и 18;

Овие две вакцини се одобрени во 2009 и 2006 година, соодветно, за жени на возраст од 9-26 години за превенција од карцином на грлото на матката со дополнително одобрување на четиривалентната вакцина и за генитални брадавици.

  • деветвалентна ХПВ вакцина (Gardasil; Merck & Co, Inc., Whitehouse Station, NJ) – насочена кон ХПВ серотиповите 6, 11, 16, 18, 31, 33, 45, 52 и 58. Воведена е во 2014 година и е насочена кон 5 дополнителни онкогени соеви. Во октомври 2016 е одобрена од Американската aгенција за храна и лекови за имунизација против ХПВ со давање на две дози (0, 6-12 месеци) кај девојчиња и момчиња на возраст од 9-14 години.  Во 2016 година, станува единствена достапна ХПВ вакцина во САД со оглед на нејзината ефикасност и можноста да ги покрие поголемиот дел од онкогенските ХПВ серотипови.

Според спроведените рандомизирани клинички испитувања, сите три вакцини се ефикасни во превенција на инфекцијата со ХПВ и претставуваат едни од првите примарни приоди во превенција од карцином на глобално ниво.

ХПВ и карцином

На годишно ниво се јавуваат околу 530 000 нови случаи на цервикален карцином како резултат на инфекција со ХПВ и 265 700 смртни случаи. На карциномот на грлото на матката обично претходи перзистентна цервикална дисплазија, која исто така се нарекува и цервикална интраепителна неоплазија (cervical intraepithelial neoplasia – CIN) и се развива во период од 20 години после иницијална инфекција со ХПВ. Во тек на 3 години од инфекцијата со ХПВ, кај 68% од младите жени со дисплазија од среден степен (CIN 2) ќе се појави регресија на лезијата. Во истиот период, кај околу 15-22% од пациентите со CIN 2 ќе се појави дисплазија од висок степен (CIN 3),  а само кај 0.2-4% од пациентите со CIN 3 ќе настане прогресија во карцином на сквамозните клетки.

Други аногенителни мукозни ткива кои се подложни на ХПВ инфекција се анусот и ректумот. Стапката на појава на карцином на сквамозни клетки на анус е зголемена во текот на изминатите три декади. Како резултат на овој тип на карцином има 35 000 случаи на годишно ниво, подеднакво распределени меѓу половите. Врската меѓу ХПВ и карциномот на анусот е опишана во ретроспективна случај-контрола студија во 1997 година во која што пациентите имале сличен фактор на ризик за инфекција со ХПВ, а 84% од 534 пријавени случаи биле ХПВ серотип 16 позитивни. Други аногенитални малигноми кои сочинуваат помал дел од карциномите поврзани со ХПВ се карцином на вагина и вулва кои се едни од најретките ХПВ-поврзани малигни заболувања, со приближно 12 000 и 8500 случаи, соодветно, кои се должат на ХПВ инфекција. Комбинираната инциденца на карцином на вагина и вулва е 2 пати повисока од онаа на карцином на главата на пенис кај развиените земји, но стапката на сите три малигнитети е приближно еднаква во помалку развиените земји. Се проценува дека овој тип на карцином, глобално, како резултат на ХПВ инфекција, се поврзува со 13 000 случаи на годишно ниво. Надвор од аногениталниот регион, најчесто опишани малигноми се оние на главата и вратот. Во 1983 година, за прв пат е покажана поврзаност на ХПВ со карцином на сквамозни клетки на глава и врат и притоа стапката на овој тип на карцином како резултат на ХПВ инфекција оттогаш е зголемена за 50% и сочинува околу 36-50% од овој тип на карцином.  Годишно околу 40 000 случаи на орален и 3800 случаи на карцином на ларинкс се должат на ХПВ инфекција.

Ефикасност на ХПВ вакцината – цервикален, валвуларен и вагинален карцином

Од трите достапни вакцини, двовалентната и деветвалентната вакцина се достапни веќе 9 години и за нив постојат најконзистентни податоци во однос на ефикасноста кон овие три типа на карцином. Двовалентната вакцина е евалуирана во фаза 3 клиничкото испитување поддржано од GlaxoSmithKleine, наречено Papiloma Trial Against Cancer in Young Adults. Во оваа студија, вакцината покажала 92.9% ефикасност во превенирање на CIN 2 кај 18 000 жени на возраст од 15-25 години со нормална цервикална цитологија или цервикалнадисплазија од низок степен. CIN 2 лезиите обично се поврзуваат со ХПВ серотип 16 и 18. Вакцината покажала 52.8% ефикасност во превенција на овие лезии како и 33.6% ефикасност во превенција на CIN 3 лезии кај пациенти со историја на ХПВ инфекција. Студиите на следење после 6.4 години кај 776 жени без претходна експозиција на ХПВ покажуваат 95.3% ефикасност во превенција на ХПВ 16/18 инфекција и 71.9% ефикасност во превенција на CIN 2  лезиите. После 9.4 години следење, вакцината била 100% ефикасна против ХПВ 16 и 18 инфекција, а не постоела разлика во стапката на CIN 2 или CIN 3.

Четриривалентната вакцина е евалуирана во клинички испитувања поддржани од Merck: Females United to Unilaterally Reduce Endo/Ectocervical Disease (FUTURE) клинички испитувања. Во првото помало испитување, вакцината покажала 100% ефикасност против CIN 2/3 кај жени без претходна експозиција на ХПВ. Сепак, кај жени со историја на ХПВ инфекција, не постоела статистички значајна разлика во инциденцата на CIN 2/3 лезиите. Follow-up клиничкото испитување, FUTURE II, вклучило 12 000 жени на возраст од 15-26 години со историја на абнормални Папаниколау (ПАП)тестови и помалку од 4 сексуални партнери. Во оваа група, вакцината покажала 98% ефикасност против CIN 2/3, ХПВ 16/18 како и аденокарциномin situ.

Ефикасноста на деветвалентната вакцина била евалуирана во фаза IIb-III студија поддржана од Merck. Kaj 14 215 жени на возраст од 16-26 години со низок ризик, распределени да примаат три дози деветвалентна или четиривалентна ХПВ вакцина, деветвалентната вакцина покажала 96% ефикасност во превенција од висок степен на CIN, вагинална интраепителна неоплазија од висок степен, валвуларен карцином и вагинален карцином поврзани со 9 ХПВ поттипови кон кои е насочена оваа вакцина (0.1 vs 1.5 случаи на 1000 лица годишно) и 96% ефикасност во спречување на постојани инфекции поврзани со истите ХПВ типови (2.1 vs 52.4 случаи на 1000 лица годишно во случај на деветвалентна и четиривалентна вакција). Меѓутоа, кај жени со претходна ХПВ инфекција не постои разлика во цервикално, вагинално или валвуларно заболување меѓу овие две вакцини.

Ефикасност на вакцина – аногенитален и карцином на главата на пенисот

Со оглед на ниската застапеност на овие типови на карциноми, податоците во однос на ефикасноста на вакцината се лимитирани. Во студија поддржана од Merck, во која учествувале 4164 момчиња на возраст од 16-26, вклучувајќи 602 хомосексуалци., вакцината покажала 78% ефикасност кај лица кои не биле изложени на ХПВ ннфекција, хомосексуалната популација и 50% ефикасност кај целокупната популација во превенција на аногенитален карцином и дисплазија.

Ефикасност на вакцина – орофарингеален карцином

До денес, лимитирани се студиите во кои се евалуира ефектот на ХПВ вакцинацијата врз превенција од орофарингеален карцином. Во студијата во која се евалуира ефикасноста кон цервикален ХПВ, двовалентната ХПВ вакцина била 93% ефикасна во превенција на орална инфекција со ХПВ 16/18 кај 5840 жени на возраст од 18-25 години.

Достигнување на идеална бројка на вакцинирани лица е висока, но не е невозможна цел. Пристапите за нејзино постигнување во најголем дел вклучуваат решавање на системските и локалните бариери. Кампањите и програми за вакцинација кои се одржуваат на локално и интернационално ниво, имаат за цел да го зголемат придржувањето кон вакцинацијата.

Референца:

  1. J., St., Laurent, et al. (2018). HPV vaccination and the effects on rates of HPV-related cancers. Curr Probl Cancer, 42(5), 493-506.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.