InsulinDeliveryDevices

Едукација на пациентите во однос на употреба на долгоделувачки инсулин

Едукација на пациентите во однос на употреба на долгоделувачки инсулин

Инсулинот е биолошки лек што е индициран во третман на диабетес. Постојат различни видови на инсулин на фармацевтскиот пазар што се разликуваат според (1) почетокот на дејство (колку брзо почнува дејството), (2) време на максимална плазматска концентрација (кога  хипоглокемичниот ефект е најголем) и времетраење на дејство (колку долго е времетраењето на дејството).

Според Американската агенција за храна и лекови постојат пет типови на инсулин:

  • Инсулин со брзо дејство:дејството започнува 15 минути после администрација и трае 3-5 часа.
  • Инсулин со кратко дејство:дејството започнува 30-60 минути после администрација и трае 5-8 часа.
  • Инсулин со интермедиерно дејство:дејството започнува 3 часа после администрација и трае 12-16 часа.
  • Инсулин со долго дејство:дејството започнува за скоро 4 часа после администрација. Овој тип на инсулин дејствува со стабилна брзина во текот на денот во регулација на хипергликемијата.
  • Мешан инсулин:претставува комбинација на два различни типа на инсулин: еден за контрола на гликемија за време на оброк и друг за контрола на гликемија помеѓу оброци.

Краткоделувачкиот инсулин ги надополнува физиолошките нивоа на инсулин што би се ослободиле за време на оброк. Спротивно на тоа, долгоделувачкиот инсулин ги мимикрира ниските физиолошки нивоа што панкреасот ги секретира помеѓу оброци и во текот на ноќта. Дејството на долгоделувачкиот инсулин е насочено кон воспоставување на нормогликемија и овозможува стабилизација со администрација на една или две дози. Долгоделувачкиот инсулин не може да го стабилизира покачувањето на нивоата на глукоза после оброк. Според тоа, пациентите со диабетес тип 1 често имаат потреба за комбинирана терапија со долгоделувачки и краткоделувачки инсулин (што треба да го администрираат пред оброк). Долгоделувачкиот инсулин се нарекува и базален инсулин и ја одржува под контрола гликемијата во текот на денот.

Употреба на долгоделувачки инсулин

Инсулинот се администрира како супкутана инјекција во масното ткиво под кожата од кадешто постопено се ослободува во крвотокот. Постојат различни помагала за безбедна администрација на инсулин:

  • Пумпа: електронско помагало за временско администрирање на долгоделувачки инсулин преку катетер со што се избегнува секојдневното инјектирање.
  • Шприц и игла: потребната доза на инсулин се извлекува со помош на шприц од вијала и потоа се инјектира на одредена регија на телото. Треба да се избегнува мешање на различни типови на инсулин во ист шприц.
  • Пенкало: претходно измерена доза на инсулин се администрира со помош на пенкало. Или алтернативно се користат пенкала за еднократна употреба што имаат претходно наполнети соодветни дози.
  • I-порт: помагало за инјектирање на дозата на инсулин во поткожното ткиво. Дозата на инсулин се испорачува преку i-порт со помош на шприц или пенкало.

Место на администрација

Долгоделувачкиот инсулин се администрира супкутано на абдоменот, надлактица и натколеница. Инјектирањето на абдоменот се поврзува со најбрзо ослободување на инсулин во крвотокот. Ослободувањето на инсулин е побавно после супкутана администрација на надлактица и уште побавно од натколеница.

Многу е важно, администрацијата на инсулин да е постојано на истата регија, но фрекфентно да се менува местото на инјектирање. Повторено инјектирање на истото место на кожата може да резултира со хематоми кои го отежнуваат ослободувањето на инсулинот во крвотокот.

Дозирање

За секој тип на долгоделуачки инсулин има препорачана доза. Дозите варираат во однос на типот на диабетес и претходната историја на употреба на инсулин. При иницирање на нов тип на инсулин се препорачува да се започне со ниски дози и постепено да се титрира до постигнување на целната терапевтска доза. На таков начин телото се прилагодува на инсулинската терапија. Дополнително прилагодување на инсулинскиот режим е потребно ако се промени начинот на исхрана, нивото на физичка активност или болест. Секој фактор што влијае врз гликемијата може да доведе до потреба за промена на дозата на инсулин, но и да го зголеми ризикот за несакани реакции на лекот (пр. зголемување на телесната тежина). Титрирањето на дозата е процес што наметнува потреба од редовно и внимателно следење на гликемијата.

Вообичаено долгоделувачкиот инсулин се администрира еднаш дневно за да се одржи рамнотежна нормогликемија. Администрацијата треба да биде во исто време од денот за да се избегне акумулација на дозите на инсулин како резултат на прекраток временски интервал помеѓу дозирањето. Лекарот може да препорача додавање на краткоделувачки инсулин во третманот, што ќе треба да се администрира пред оброк за превенција на хипергликемија после внес на храна. При промена на препарат на долгоделувачки инсулин, можеби ќе треба да се промени дозата која се администрира.

Препарати на долгоделувачки инсулин

  • insulin glargine, дејството трае до 24 часа
  • insulin detemir, дејството трае 18-23 часа
  • insulin glargine, дејството трае повеќе од 24 часа
  • insulin degludec, дејството трае до 42 часа

Нескани ефекти на долгоделувачки инсулин

Хипогликемијата е несакан ефект асоциран со употребата на инсулин што се манифестира со:

  • Вртоглавица
  • Заматен вид
  • Слабост
  • Главоболка
  • Губење свест

Други потенцијални несакани ефекти се несаканите реакции на местото на инјектирање на инсулин се: болка, црвенило или оток.

Инсулинот може да се дава во комбинирана терапија со антидиабетични лекови наречени тиазолидинедиони (анг. Thiazolidinediones). Оваа група на орални антидиабетични лекови вклучува: rosiglitazone и pioglitazone. Нивната комбинирана примена води кон зголемен ризик за задршка на течности и срцева слабост.

Мерките на претпазливост за insulin degludec посочуваат на неговиот долг ефект во телото. Зголемувањето на дозата треба да се одвива постепено, најмалку на временски интервал од 3-5 дена. Исто така, елиминацијата на овој тип инсулин од телото е побавна.

Референца:

  1. American Diabetes Association. Insulin basis (n.d.). Available at: https://www.diabetes.org/diabetes/medication-management/insulin-other-injectables/insulin-basics. Last accessed 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.