3

Два типа (,,L-type” и ,,S-type”) на новиот коронавирусот кои незначително се разликуваат во агресивноста на предизвиканата болеста

Епидемијата на SARS CoV-2 вирусот, започна кон крајот на декември 2019 година во Вухан, Кина, се прошири на сите постојано населени континенти и предизвика сериозна глобална загриженост. Научниците од Peking University’s School of Life Sciences и Institute Pasteur of Shanghai го проучувале степенот на молекуларна дивергенција помеѓу SARS-CoV-2 и други коронавируси. Иако откриле само 4% варијабилност во геномските нуклеотиди помеѓу SARS-CoV-2 и коронавирусите кои се среќаваат кај лилјаците (SARSr-CoV; RaTG13), разликата во неутралните места била 17%, што укажува на тоа дека дивергенцијата помеѓу овие вируси е многу поголема отколку што претходно било проценето. Нивните резултати укажуваат на тоа дека развојот на нови варијации во функционалните места во доменот за врзување на рецепторите на спајкот помеѓу SARS-CoV-2 и вирусите кај панголинот (SARSr-CoV) покрај со рекомбинација, веројатно се предизвикани и од определени мутации.

Дополнително, во оваа студија тимот го испитувал вирусниот геном на SARS-CoV-2  добиен од 103 пациенти, при што биле увидени мутации во два индивидуални региони. Врз основа на овие откритија, научниците успеале да идентификуваат два типа на истиот вирус: 72 случаи биле класифицирани како пациенти со ,,L-type” а 29 како пациенти со ,,S-type”.

Последователните анализи покажале дека ,,L-type” на новиот коронавирус потекнува од постариот ,,S-type” кој настанал истовремено со преминот на вирусот од животни на луѓе-со брза сукцесија. Иако двата типа учествуваат во моменталната епидемија во Кина, повисоката преваленца на ,,L-type” индицира поголема присутност на поагресивната форма на вирусот.

Важно е да се напомене дека вирусите мутираат со текот на времето и дека не се сите мутации индикативни за зголемена сериозност на болеста или брзината на трансмисија. Во овој момент, разликите помеѓу овие типови на новиот коронавирус се исклучиво мали, па некои научниците се противат на идејата тие да се класифицираат како одделни соеви.

Со оглед на тоа дека неколку истражувачки групи работат на развојот на вакцина против вирусот, познавањето на точниот број на соеви (или типови) е од круцијално значење, бидејќи за да биде ефективна, потенцијалната вакцина треба да биде активна против сите познати соеви, односно типови на вирусот.

Добра околност е тоа што идентификуваните разлики помеѓу овие две форми веројатно не ја афектираат продукцијата на протеини, што значи дека не се очекува да се промени начинот на кој вирусот ја инфицира клетката или симптомите кои ги предизвикува.

Главно ограничување на оваа студија е малиот број на примероци кои се испитани со што се доведува во прашање екстраполацијата врз останатите пациенти. Доколку пациентите инфицирани со вирусот развијат имунитет за последователна инфекција се очекува селекциониот притисок врз вирусот да предизвика дополнителни мутации кои би дале позначителни промени – слично како во случајот со сезонскиот грип.

REFERENCE:

On the origin and continuing evolution of SARS-CoV-2, Published on 03.03.2020

Xiaolu Tang, Changcheng Wu, Xiang Li, Yuhe Song, Xinmin Yao, Xinkai Wu, Yuange Duan, Hong Zhang, Yirong Wang, Zhaohui Qian , Jie Cui, Jian Lu. On the origin and continuing evolution of SARS-CoV-2. Natural Science Review, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.