Statins

Дали употребата на статини за примарна превенција на кардиоваскуларни болести е поврзана со придобивки за пациентите?

Дали употребата на статини за примарна превенција на кардиоваскуларни болести е поврзана со придобивки за пациентите?

Контроверзноста за употребата на статини како примарна превенција за кардиоваскуларни болести е повторно актуелна, со објавувањето на резултатите од една нова анализа која укажува на тоа дека ниско-ризички пациенти може да имаат малку или воопшто да немаат корист, а да имаат ризик за потенцијална штета. Овие резултати беа објавени на 16 октомври во списанието British Medical Journal.

Истражувачите, предводени од Paula Byrne од Ирска, велат дека се несигурни дали воопшто постојат корисни ефекти од пропишување на статините како примарна превенција и дали тие корисни ефекти се поголеми од штетните. Сепак, клиничките водичи ги имаат проширено критериумите со текот на времето, и во многу држави поголемиот број на лица земаат статини како примарна превенција од кардиоваскуларна болест.

Во анализата биле разгледани ефектите од промените на Европските водичи за превенција на кардиоваскуларни болести од 1987 до 2016 користејќи податоци од националната банка на податоци во Ирска. Забележале дека 30% од лицата над 50 години користеле статини, а 2/3 за примарна превенција. ¾ од жените на статнини ги земале исто како примарна превенција споредено со половина од мажите.

Анализирајќи ја примената на водичите соа препораки од различни периоди во текот на изминатите 30 години во Ирска, истражувачите откриле дека според водичите од 1987 година, 8% од нивната популација би биле квалификувани за терапија со статини, но до 2016 година упатствата препорачуваат многу поголема употреба на статини, така што до 2016 година веќе 61% од групата биле квалификувани за терапија со статини. Заклучокот бил дека ова е навистина огромно зголемување.Истражувачите потоа побарале докази кој ја поддржуваат употребата на статини кај пациенти за примарна превенција.

Било увидено дека иако има многу студии и мета-анализи за терапија со статини, има малку докази што ги одделуваат популацијата која ги зема статините за примарна превенција одонаа која ги зема за секундарна превенција.

Истражувачите посочиле примери за двајца пациенти кои земале статини за примарна превенција и кои би имале многу различни апсолутни придобивки од земање на статини. Едниот е 65-годишен маж кој пуши, нема срцеви заболувања, но има високи нивоа на вкупниот холестерол, покачен крвен притисок и проценет 38% апсолутен ризик од појава на голем коронарен настан во наредните 10 години. Тој може да очекува апсолутно намалување на ризикот од околу 9% (NNT = 11) од земање на статин.

Вториот пример е 45-годишна жена која не пуши и има покачено вкупно ниво на холестерол и малку покачен крвен притисок. Таа има 10-годишен ризик од 1,4%, но нејзиното апсолутно намалување на ризикот со земање на статин би било само 0,6% (NNT = 166).

Анализата заклучила дека никој од пациентите класифицирани со низок или умерен ризик при примарната превенција не би ги достигнал нивото на намалување на ризикот, за кои би било оправдано земање на статини секојдневно за превенција. Кога придобивките се толку мали, одлуката да се земе лекотзависи од тоа какви потенцијални штети би биле предизвикани од статините.

Референца:

  1. Statins for primary prevention of cardiovascular disease, BMJ 2019; 367 doi: 11136/bmj.l5674 (Published 16 October 2019)Cite this as: BMJ 2019;367:l5674

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.