2410394

ДАЛИ ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ЗАБОРАВЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ?

ДАЛИ ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ЗАБОРАВЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ?

Почитувани колеги

Во време на пандемијата предизвикана од SARS-Cov-19 кога целото внимание на светската јавност е насочено кон фармацевтската професија во очекување на вакцина/лек за превенција/третман на COVID-19, на глобално ниво се поставува прашањето: ДАЛИ ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ЗАБОРАВЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ?

Центарот за континуирана едукација и Националниот фармакоинформативен центар при Фармацевтскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје започнуваат со серија на истражувања за согледување на Улогата и активностите на фармацевтите во во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија.

За целите на истражувањата се изготвени два анкетни прашалници:

1. Едниот прашалник е индивидуален и може да го пополни секој фармацевт кој би сакал да допринесе во СОГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ ВЛИЈААТ НА ФАРМАЦЕВТИТЕ ПРИ ОДГОВОРОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19, КАКО ФАРМАЦЕВТИТЕ И ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ТЕЛА РЕАГИРААТ НА ПАНДЕМИЈАТА И КАКВА ПОДДРШКА СМЕТААТ ДЕКА БИ БИЛА КОРИСНА.

Прашалникот за фармацевтите е достапен на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/S5QL99D

2. Другиот прашалник е наменет за аптеките со цел да се согледа УЛОГАТА И АКТИВНОСТИТЕ НА ФАРМАЦЕВТИТЕ ВО АПТЕКИТЕ ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА COVID-19 ПАНДЕМИЈА

  • Прашалникот за аптеките ќе биде испратен директно на е-mail aдресите наведени во регистерот на аптеки достапен на zdravstvo.gov.mk.
  • Овој прашалник се однесува на динамиката и карактерот на работата во конкретната аптека и треба да биде пополнет од одговорниот за аптеката.

НАПОМЕНА: Во случаите каде ПОВЕЌЕ РАЗЛИЧНИ АПТЕКИ КОРИСТАТ ИСТА E- MAIL АДРЕСА ( пр. Аптека 1, Аптека 2, Аптека 3 со е-маил адреса: аптека@apteka.com.mk), од исклучително значење е ДА СЕ ОДГОВОРИ ПРАШАЛНИКОТ ЗА СЕКОЈА ОДДЕЛНО (НЕ СУМАРНО ЗА СИТЕ).

*Доколку не го добиете прашалникот на e-mail адресата на аптеката заради непредвидени технички проблеми (пр.промена на e-mail адреса, прашалникот не се отвара и сл.), а сакате да учествувате во истражувањето Ве молиме да не контактирате на cke@ff.ukim.edu.mk.

Ви благодариме на учеството и вашиот придонес во истражувањето.

Со почит

Центар за континуирана едукација

Фармацевтски факултет

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.