3.clinical Trials Teaser

COVID-19 преглед на клинички студии за фармаколошка терапијa

Во тек се неколку големи клинички студии во кои преку рационално групирање на пациентите и координирани стандарди се собираат робустни научни податоци за соодветна фармаколошка терапија на COVID-19. Во следниве клинички студии се испитува потенцијалната ефикасност на група на лекови за третман на COVID-19 кај хоспитализирани пациенти.

Од страна на научници од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија започната е најголемата клиничка студија за третман на COVID-19 до сега, наречена RECOVERY која вклучува 9,600 хоспитализирани пациенти. Во оваа клиничка студија пациентите се рандомизирано поделени во 5 терапевтски групи: протеаза инхибитори одобрени за третман на ХИВ lopinavir и ritonavir; dexamethasone; лек против маларија hydroxychloroquine; антибиотик azithromycin; и анти-инфламаторен IL-6 блокатор tocilizumab.

Во тек е и големата глобална студија на Светската Здравствена Организација (СЗО), наречена SOLIDARITY,која заклучно со 21 Април вклучува 1,200 пациенти. Третманот во SOLIDARITY се фокусира на четири лекови: антивирусен лек наречен remdesivir; антималариците chloroquine и hydroxychloroquine; комбинација на два анти-ХИВ лекови, lopinavir и ritonavir; и комбинација на lopinavir/ritonavir и интерферон-β.

Долнително, мулти-центрична, рандомизирана клиничка студија која го следи примерот на студијата организирана од СЗО е започната во Франција, под името DISCOVERY. Оваа студија вклучува до 3100 пациенти од неколку земји во Европа. Пациентите се рандомизирано поделени во 4 терапевтски групи: remdesivir, lopinavir/ritonavir, lopinavir/ritonavir плус interferon ß-1a и hydroxychloroquine.

Националниот Институт за алергија и инфективни болести во Америка (анг. National Institute of Allergy and Infectious Diseases NIAD) започна мултицентрична студија наречена ACTT (Adaptive COVID-19 Treatment Trial) која вклучува до 1000 хоспитализирани пациенти од неколку места на глобално ниво. Во оваа студија се испитува ефикасноста на антивирусниот лек remdesivir наспроти плацебо. Врз основа на прелиминарните резултати од оваa студија ФДА на 1ви мај издаде одобрување за итна употреба на лекот remdesivir за третман на COVID-19. Последователна студија наречена ACTT 2 вклучува 1.000 пациенти и ја испитува ефикасноста на антиинфламаторниот JAK инхибитор baricitinib во комбинација со remdesivir, наспроти плацебо плус remdesivir.

Со цел да се намали потребата за хоспитализација, во студија во Велика Британија наречена PRINCIPLE потенцијалните лекови за терапија се испитуваат и во раните фази од заболувањето. Оваа студија вклучува возрасни пациенти со зголемен ризик и симптоми на заболување кај кои се испитува ефикасноста на hydroxychloroquine како примарна терапија, и azithromycin секундарно.

Дополнително, се тестираат преку 115 потенцијални вакцини за COVID-19.

References:

1.Asher Mullard, 2020. COVID umbrella trials multiply. Natureresearch journal, published 11 MAY 2020. https://www.nature.com/articles/d41573-020-00089-x.

2.https://clinicaltrials.gov/ct2/home

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.