3.

Биомолекуларни промени во допаминските неврони кај млади пациенти дијагностицирани со Паркинсонова болест

Паркинсоновата болест настанува кога невроните кои создаваат допамин, невротрансмисер одговорен за координација на движењето на мускулите, ја губат својата основна функција. Сериозноста на симптомите се зголемува со текот на прогресот на болеста (бавно движење, ригидни мускули, тремори и губење на рамнотежа). Во повеќето случаи, не е позната точната причина за пропаѓањето на невроните.

Најмалку 500 000 пациенти во САД се дијагностицирани со Паркинсонова болест секоја година, и се очекува  раст на оваа инциденца. Иако мнозинството од пациентите имаат повеќе од 60 години, околу 10% се помеѓу 21 и 50 години. Новата студија, објавена во Nature Medicine, се фокусира токму на овие млади пациенти.

За да ја изведат студијата, научниците создале посебни стем клетки, познати како индуцирани плурипотентни стем клетки (анг. Induced pluripotent stem cells-iPSCs), од клетки на пациент со Паркинсонова болест кај кој болеста се јавила во млада доба. Процесот вклучува т.н. враќање на крвните клетки во првична ембрионална состојба. Овие iPSCs можат да продуцираат било каков вид на клетки од човековото тело која е генетски идентична на клетките на пациентот. Тимот ги употребил овие клетки со цел да продуцира доманински неврони, ги култивирал in vitro и ги анализирал функциите на невроните.Со оваа техника научниците добиле поглед назад кон времето и успеале да увидат како допаминските неврони функционирале од самиот старт на животот на пациентот.

Истражувачите откриле два главни видови на абнормалности кај култивираните допамински неврони:

  • Акумулација на протеин наречен алфа-синуклеин кој настанува во повеќето форми на Паркинсонова болест.
  • Промени во лизозомите, клеточни структури во кои се одвива разградувањето на протеините. Овие промени можат да предизвикаат натрупување на алфа-синуклеинот.

Со овој нов модел научниците успеале да ги откријат првите знаци на почеток на паркинсовата болест. Допаминските неврони кај овие лица можат да продолжат да натрупуваат алфа-синуклеин во период од 20 до 30 години, предизвикувајќи појава на симптомите на паркинсонова болест.

Истражувачите го искористиле нивниот iPSC модел за да тестираат голем број на лекови кои можат да ги поправат абнормалностите што ги забележале. Тие откриле дека еден лек, PEP005, кој веќе е одобрен од страна на Американската Агенција за лекови и храна (FDA) за лекување на преканцерогени лезии на кожата, ги намалува покачените нивоа на алфа-синуклеин во допаминските рецептори, како in vitro, така и in vivo кај лабораториски глувци. Освен овој механизам на дејство, научниците откриле дека овој лек делува и врз покачените нивоа на активната верзија на ензимот наречен C протеин киназа, ензим за кој се уште не е јасна неговата функција во патогенезата на Паркинсоновата болест.

Оваа студија претставува основа за развој на нови дозирани форми на лекот PEP005, кој моментално е достапен во форма на гел, со цел успешна испорака во допаминските неврони кај пациенти кои страдаат од Паркинсонова болест. Истата е темел за понатамошни истражувања со цел да се утврдат сите патишта на патогенезата на Паркинсонова болест.

 

REFERENCE:

iPSC modeling of young-onset Parkinson’s disease reveals a molecular signature of disease and novel therapeutic candidates; Published on 27 January 2020.

  1. H. Laperle, S. Sances, N. Yucer, V. J. Dardov, V. J. Garcia, R. Ho, A. N. Fulton, M. R. Jones, K. M. Roxas, P. Avalos, D. West, M. G. Banuelos, Z. Shu, R. Murali, N. T. Maidment, J. E. Van Eyk, M. Tagliati & C. N. Svendsen; iPSC modeling of young-onset Parkinson’s disease reveals a molecular signature of disease and novel therapeutic candidates;Nature medicine, 2020

https://www.nature.com/articles/s41591-019-0739-1

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.