Sink Mot Lungebetennelse Barn Sykehus Kosedyr Shutterstock Scanpix

Безбедна употреба на лекови кај педијатриски пациенти- ургентен оддел

Безбедна употреба на лекови кај педијатриски пациенти- ургентен оддел

Медицинските грешки се водечка причина за морбидитет и морталитет на глобално ниво. Најчесто се случуваат кај хоспитализирани пациенти, со стапка на јавување три пати поголема кај педијатриски пациенти, споредено со возрасни пациенти. Повеќето од медицинските грешки и несаканите настани асоцирани со употребата на лекови се превентибилни и затоа стратегиите за зголемување на медицинската безбедност се значаен чекор во целокупниот пристап на обезбедување на квалитетна здравствена грижа за децата.

Педијатриските пациенти хоспитализирани во ургентни оддели се во значаен ризик од медицински грешки поради бројни фактори: комплексна здравствена состојба и политерапија непозната за тимот од тој оддел, недостаток на стандардни педијатриски формулации и дози, грешки во пресметките на педијатриските дози, вербално пропишување на лековите, недостиг на клинички фармацевти во здравствениот тим, недостиг од информации за педијатриската безбедност, бројни транзиции на здравствената грижа за пациентот и сл.

Статистичките податоци посочуваат дека стапката на медицински грешки пријавени од поединечна здравствена институција е во опсег 10-31%. Студијата спроведена од Shaw et al. фокусирана на идентификација на медицински грешки во оддел за педијатриска терциерна здравствена грижа, демонстрира дека медицинските грешки се поврзани со приближно 20% од сите пријавени случаи, а 13% од нив предизвикале штета по здравјето на пациентите. Друга студија која ги евалура медицинските грешки кај деца во четири ургентни оддели од рурални средини во јужна Калифорнија посочува на фактот дека стапката на медицински грешки е 39%, а 16% од овие случаи се потенцијално штетни. Дополнително на тоа, неодамна спроведените клинички студии го нагласуваат и проблемот со медицински грешки кај децата на ниво на примарна здравствена грижа. Клиничката студија фокусирана кон евалуација на осум случаи на медицински грешки во Мичиген ги акцентира грешките во дозирањето на често употребуваните лекови, најгласуваќи го фактот дека една третина од лековите биле погрешно дозирани.

Намалувањето на ризикот за медицински грешки на педијатриските ургентни оддели,  вклучува: зголемена свесност за ризикот од медицински грешки, имплементација на најдобри практики за редукција на несаканите реакции и настани на лековите кај педијатриска популација и специфични стратегии за подобрување на медицинската безбедност.

Во таа насока, здравствените експерти (Emergency Medical Services for Children program и American Academy of Pediatrics Committee on Pediatric Emergency Medicine) ја истакнуваат потребата за дозирање базирано на телесна тежина, оптимизација на електронско пропишување на терапија засновано на медицински докази, ограничување на достапните концентрациите на дозираните форми, фармацевтска поддршка во ургентниот оддел, тренинг и едукација на здравствените работници, стандардизација на диспензирање и администрација на лековите, идентификација на потенцијалните и актуелните проблеми при пропишување и администрација на лекови при отпуштање на пациентите од болница.

Специфични препораки за зголемување на медицинската безбедност на педијатриските пациенти

  1. Креирање на стандардни формулари за често употребувани и високо- ризични лекови.
  2. Стандардизација на концентрациите на високо- ризичните лекови.
  3. Редукција на бројот на достапни концентрации на определен лек.
  4. Користење на препорачани начини на одредување на педијатриските дози.
  5. Точно одредување на телесната тежина во килограми.
  6. Интегрирање на клиничкиот фармацевт во тимот на здравствени работници.
  7. Донесување на одлуки и подготвување на лековите во мирна средина.
  8. Имплементација на скрининг и вкрстена проверка на процесот на пропишување и подготвување на високо- ризичните лекови.
  9. Имплементација и употреба на компјутеризиран пристап во пропишувањето на лекови (Computerized physician order entry- CPOE) и поддршка при донесување на клинички одлуки (Clinical decision support- CDS) со специфични правила за педијатриско дозирање засновано на телесна тежина, вклучувајќи ги и дозволените максимални поединечни и дневни дози.
  10. Охрабрување на изготвувањето на тековна медицинска листа и информации за децата со комплексна здравствена состојба.
  11. Имплементација на програми за едукација и тренинг на здравствените работници.
  12. Едукација на родителите и децата за правилно дозирање на лековите после отпуштање од болница. Дозирањето треба да се заснова само на одмерување на милилитри од течната дозирана форма.

Редукција на грешките при пропишување на лекови кај педијатриски пациенти  преку:

  1. Компјутеризиран пристап при пропишување на лековиспецифичниот ризик поврзан со тежина- базирано дозирање вклучува: неправилно одредување на телесната тежина, калкулации на дозата некористејќи килограми, неправилна калкулација, десеткратни грешки поради погрешно поставување на децималната запирка и сл. Обезноста кај децата претставува дополнителен ризик за грешки во дозирањето. Имплементацијата на компјутеризиран пристап во пропишувањето на лекови (Computerized physician order entry- CPOE) и поддршка при донесување на клинички одлуки (Clinical decision support- CDS) придонесува за редукција на ризикот од медицински грешки. Градуираните скали за одредување на телесната тежина во килограми се препорачани за употреба во ургентните оддели.
  2. Стандардизирани формулари National Academy of Medicine дава препораки за развој на водичи за дозирање на лековите, соодветни технологии за формулации, означување и администрација на лекови во одделот за педијатриска итна медицинска помош. Развојот на стандардни педијатриски формулации потенцијално ќе го редуцира ризикот од грешки преку специфично лимититање на концентрациите, лимитирање на стандардното дозирање асоцирано со висок ризик за несакани реакции, како и употребата на високо- ризични лекови (вазоактивни инфузии, наркотици, антибиотици и лекови со слични имиња).
  3. Клинички фармацевт во тимот на здравствени работници моментално, повеќето од лековите се подготвени и диспензирани во ургентниот оддел без претходна евалуација и/ или подготовка од страна на фармацевт поради невклучувањето на клиничките фармацевти во тимот на здравствени работници. American College of Emergency Physicians го поддржува интегрирањето на фармацевтите во тимот на здравствени работници во ургетниот оддел, што специфично ќе придонесе за квалитетна и безбедна здравствена услуга за педијатриската популација како високо- ризична популација на пациенти. American Society of Health-System Pharmacists сугерира дека фармацевтите во ургентнио оддел може да помогнат при евалуација, подготовка и диспензија на високо- ризичните лекови, двојна проверка при калкулирање на педијатриските дози особено кога се хоспитализирани деца со комплексна здравствена состојба чијашто фармакотерапија можеби е непозната за тимот од одделот.
  4. Едукација и тренинг на здравствените работници- неопходно е да се спроведе континуирана едукација на сите здравствени работници вклучени во здравствената грижа на педијатриските пациенти во ургентниот оддел, како еден од пристапите за решавање на медицинските проблеми. Стандардната програма за едукација треба да ги вклучува: најчестите медицински грешки кај децата, начини за нивно избегнување и промените во фармакокинетиката и фармакодинамиката на лековите кои се случуваат паралелно со растот и развојот на децата.

Редукција на грешки во администрација на лековите кај педијатриски пациенти преку:

  1. Стандардизација на концентрациите достапни за одреден лек.
  2. Достапни и тековни информации за безбедноста и ефикасноста на лековите.
  3. Употреба на претходно подготвени интравенси формулации тогаш кога е возможно.
  4. Кабинети за автоматизирано диспензирање на соодветни педијатриски дозирани формулации.
  5. Вклучување на клинички фармацевт во тимот и употреба на водичи при донесување на оптимални одлуки за фармакотерапијата.
  6. Донесување на одлуки за администрација и само- проверка на истите според правилото: точен лек, вистински пациент, точна доза, точно време и точен начин на администрација.
  7. Дополнително на тоа, со цел осигурување на медицинската безбедност неопходно е да се дополни претходното правило со: точна документација, точна акција, точна дозирана форма и правилен одговор на терапијата кај пациентот. Во таа насока, Institute for Safe Medication Practices и The Joint Commission имаат публикувано одлични водичи за обезбедување на безбедност кај педијатриските пациенти.

Редукција на стапката на медицински грешки при отпуштање на педијатриските пациенти од болница преку:

  1. Едукација на родителите дека применување на нестандардизирани начини на дозирање, пример употреба на супени и кафени лажици при дозирање на течни дозирани форми дополнително го зголемува ризикот од погрешно дозирање. Статистичките податоци посочуваат дека стапката на грешки во дозирањето е поголема од 40%.
  2. Советување на родителите за начинот на правилно дозирање на лековите преку користење на соодветни градуирани шприцеви за одмерување на течни дозирани формулации.

Преземено од American Academy of Pediatrics

Референца: Lee Benjamin et al. Pediatric Medication Safety in the Emergency Department.  Pediatrics 141(3) 2018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.