1.

Антранилна киселина – потенцијален биомаркер за идентификација на пациенти со зголемен ризик од депресија

Во 2017 година на глобално ниво, повеќе од 300 милиони луѓе страдале од депресивно растројство (анг. мajor depressive disorder-MDD), а нивниот број се очекува драстично да се зголемува од година во година.

Голем број на студии ја истакнуваат поврзаноста помеѓу хроничната инфламација и ризикот за појава на депресија што води до заклучок дека инфламацијата претставува една од основните причини за појава на MDD. Со цел да ја разберат патофизиолошката основа на депресијата, научниците интензивно ги изучувале биоехмиските патишта кои водат до инфламација. Една од нив, наречена патека на кинуренин (анг.kynurenine pathway – KYP) претставува главен физиолошки пат за метаболизирање на аминокиселината триптофан. Студијата од истражувачите од универзитетот во Кјото, објавена месецов во Scientific Reports, покажала дека зголемени нивоа на антранилната киселина – метаболит на триптофан од кинуренинската патека, може да служи како маркер за идентификација на индивидуите со зголемен ризик за развој на депресија.

Некои претходни студии изведени врз пациенти со депресија и слични психијатриски состојби, откриле дека кај овие пациенти се зголемени крвните концентрации на голем број на метаболити на триптофан продуцирани преку кинуренинската патека. Овие студии донеле до претпоставката дека некои од метаболитите од оваа патека можат да служат како биомаркери со кои се постигнала рана детекција на пациенти со зголемен ризик за развој на депресија.

Со цел да се испита оваа претпоставка, тимот на научници од универзитетот во Кјото анализирале серум на 61 пациент кај кои клиничкиот тест индицирал висок ризик за развој на депресија. Со помош на HPLC техника,тие успеале да ги одредат серумските концентрации на различни метаболити на триптофанот од кинуренинската патека. Споредено со контролата, пациентите со зголемен ризик од депресија имале зголемени серумски концентрации на анранилната киселина. Дополнително, жените со зголемен ризик од депресија имале намалени серумски концентрации на аминокиселината триптофан. Понатамошните истражувања докажале дека со профилот на метаболитите на триптофанот може да се предвиди и прогресијата на симптомите поврзани со депресија. Исто така, тие откриле и дека постои јасна директна корелација помеѓу нивоата на антранилната киселина во крвта и сериозноста на депресијата според клиничката скала за тежина на MDD.

Бидејќи хроничната болка може да предизвика депресија, научниците го анализирале профилот на метаболитите на триптофанот и кај пациенти со хронична болка во устата, вилицата или лицето и откриле дека овие пациенти имаат зголемени серумски концентрациина антранилна киселина и намалени концентрации на триптофан, исто како и кај пациентите кои се со повисок ризик за развој на депресија.

Според авторите на оваа студија, резултатите покажуваат дека клиничарите можат да ги мониторираат серумските нивоа на антранилна киселина со цел да откријат дали пациентите се со зголемен ризик за развој на депресивно нарушување. Мониторирањето на нивоата на метаболити на триптофан може да е корисни за реализација на превентивните мерки од депресивно растројство.

REFERENCE:

Serum Metabolic Profiles of the Tryptophan-Kynurenine Pathway in the high risk subjects of major depressive disorder; Published on 06 February 2020

Masashi Sakurai, Yasuko Yamamoto, Noriyo Kanayama, Masaya Hasegawa, Akihiro Mouri, Masao Takemura, Hidetoshi Matsunami, Tomoya Miyauchi, Tatsuya Tokura, Hiroyuki Kimura, Mikiko Ito, Eri Umemura, Aiji Sato (Boku), Wataru Nagashima, Takashi Tonoike, Kenichi Kurita, Norio Ozaki, Toshitaka Nabeshima & Kuniaki Saito; Serum Metabolic Profiles of the Tryptophan-Kynurenine Pathway in the high risk subjects of major depressive disorder; Scientific report, 2020

https://www.nature.com/articles/s41598-020-58806-w

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.