AMR

Антимикробна резистентност-преглед на резистентни соеви на бактерии 

Антимикробна резистентност-преглед на резистентни соеви на бактерии 

Новиот изввештај од Центарот за контрола и превенција на болести во САД (CDC) посочува на растечкиот тренд на антимикробната резистентност. Според статистиката, постојат повеќе од 2,8 милиони случаи на инфекции предизвикани од резистентни соеви на бактерии во САД на годишно нивоа и повеќе од 35000 смртни случаи како резултат на тие инфекции.

Во извештајот се посочува на постоењето на 18 соеви на резистентни бактерии и габи  категоризирани во три групи прикажани подолу во текстот.

Според извештајот, категоријата на соеви на бактерии што претставуваат ургентна закана се: Cabapenem-резистентни соеви на Acinetobacter, Candida auris, Clostridium diifficile, Carbapenem-резистентни соеви на Enterobacteriaceae и лек-резистентна Neisseria gonorrhoeae. Резистентната C. auris е закана во последните години откако за првпат е пријавен случај во 2016 во САД. Од тогаш, идентификувани се повеќе од 2000 пациенти колонизирани со овој високо контагинозен патоген. CDC во претходниот извештај посочи дека инфекциите со C. auris се асоцирани со стапка на смртност за скоро 60%, а некои соеви се резистентни на трите главни класи на антифунгални лекови.

Категоријата на резистентни соеви на бактерии што претставуваат сериозна закана се: лек-резистентните соеви на Campulobacter, лек-резистентни соеви на Candida, соеви на Enterbacteriaceae што продуцираат бета лактамази насочени кон широкоспектралните антибиотици, vancomycin-резистентни соеви на Enterococci, мултирезистентна  Pseudomonas aeruginosa, лек-резистентна нетифоидна Salmonella, лек-резистентна Salmonella typhi, лек-резистентни соеви Shigella, methicillin-резистентна Staphylococcus aereus (MRSA), лек-резистентна Streptococcus pneumonia и лек-резистентна Mycobacterium tuberlculosis. Овие 11 резистентни соеви на бактерии биле причина за повеќе од 1,4 милиони слуачи на инфекции и хоспитализации на годишно ниво и повеќе од 33000 смртни случаи.

Третата категорија на резистентни соеви на бактерии што претставуваат загрижувачка закана по глобалното здравје ги вклучува: Erythromycin-резистентната група A Streptococcus и Clindamycin-резистентна група B Streptococcus. Во 2017 биле регистрирани скоро 5400 слуачи на инфекција од резистентни соеви и 450 смртни случаи како резултат на Erythromycin-резистентната група A Streptococcus и скоро 13000 случаи на инфекции и 720 смртни случаи како резултат на Clindamycin-резистентна група B Streptococcus во 2016.

Во извештајот се наведени и три други резистентни соеви на патогени: Azole-резистентна Aspergillus fumigatus, лек-резистентна Mycoplasma genitalium и лек-резистентна Bordetella pertussis. Овие патогени сеуште не се широко распространети, но важно е да се нагласи дека во отсуство на прогресивни превентивни мерки, тие ќе претставуваат голема закана по здравјето во иднина.

Во извештајот се содржани и пет почетни точки за превенција и борба против антимикробната резистентност:

  1. Детекција и следење на резистентност;
  2. Примена на национални системи за брза идентификација и унапредување на одговорот при случај на резистентност;
  3. Соработка при стратешка имплементација на употреба на антибиотици за унапредување на терапевтските исходи кај пациентите и минимизирање на нерационалното пропишување на антибиотици;
  4. Соработка при идентификација на резистентност асоцирана со животната средина со цел да се промовира значајноста на јавната хигиена и достапноста до чиста вода, како клучни фактори што придонесуваат за развој на антимикробна резистентност;
  5. Инвестиција во лекови, дијагностика и развој на вакцини што имаат суштинско влијание врз здравјето на пациентите.

Антимикробната резистентност има опасни последици по здравствената заштита, а извештајот јасно ја нагласува потребата за преземањето на соодветни мерки на претпазливост и прогресивни активности за превенција, особено за ранливите популации.

Референци:

  1. Centers for Disease Control and Prevention, Antibiotic Resistance Threats in the United States: 2019, CDC website. https://www.cdc.gov/drugresistance/pdf/threats-report/2019-ar-threats-report-508.pdf. Accessed 11/2019.
  2. SCYNEXIS Commends the CDC for the Recognition of Candida auris as a New “Urgent Threat” in it Updated Report on Antibiotic Resistance Threats in the United States [news release]. Jersey City, NJ; Nov 14, 2019. PR Newswire. https://prnmedia.prnewswire.com/news-releases/scynexis-commends-the-cdc-for-the-recognition-of-candida-auris-as-a-new-urgent-threat-in-its-updated-report-on-antibiotic-resistance-threats-in-the-united-states-300958049.html. Accessed 11/2019.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.