Picture3

Антибиотици кои ја влошуваат здравствената состојба на пациентите заболени од Мијастенија гравис

Антибиотици кои ја влошуваат здравствената состојба на пациентите заболени од Мијастенија гравис

Мијастенија гравис е автоимуно- посредувана невромускулна болест која се карактеризира со мускулна слабост.1 Клиничката симптоматологија вклучува спуштени очни капаци, заматен и/ или двоен вид, слабост во рацете и нозете, потешкотии при џвакање, голтање или дишење. Мијастенија гравис афектира речиси 20 од 100 000 луѓе во САД, што ја вбројува во групата на ретки заболувања.1

За ова заболување не постои лек, а тераписките пристапи се во насока на контролира на симптомите и вклучуваат имуносупресивни лекови кои ја модифицираат целосната прогресија на болеста. На овој начин се минимизираат секојдневните симптоми, но како несакана реакција е подложноста на инфекции. Доколку кај пациентот се јави инфекција, изборот на соодветен антибиотик е од круцијално значење, бидејќи несоодветниот антибиотик може да доведе до влошување или егзацербација на симптомите и потенцијална мијастенија криза. Сето тоа наложува потреба од внимателен и правилен избор на антиинфективна терапија.

Интеракции на антибиотиците со заболувањето

Повеќето антибиотици кои се идентифуикувани како небезбедни за пациентите дијагностицирани со Мијастенија гравис интерферираат со невромускулните јазли откако нервниот импулс е генериран од мозокот. Ацетилхолинот ги преминува јазлите и се врзува за рецепторните места во мускулите, деполаризирајќи ги мускулните клетки, што резултира со мускулна контракција. Кај пациенти со Мијастенија гравис, бројот на вакви рецепторни места е намален, поради што се спречува соодветна контракција и како резултат на тоа се јавува генерализирана мускулна слабост. Одредени антибиотици можат дополнително да ја нарушат невромускулната трансмисија и да создадат животозагрозувачки последици.

Флуорокинолоните се асоцирани со ризик од несакани реакции и настани кај пациентите со Мијастенија гравис, бидејќи ја прекинуваат невромускулната трансмисија. Објавени се повеќе случаи на егзацербации кои ги докажуваат потенцијалните загрижувачки последици за пациентите со Мијастенија гравис при користење на целата класа на флуорокинолони.2-7 Од 37 случаи, 11 имале потреба од механичка вентилација поради сериозно нарушување на дишењето, а 2 случаја завршиле летално. Времето од почетокот на употребата на флуорокинолоните до влошувањето на симптомите варира интериндивидуално, а кај повеќето случаи симптомите на пациентите се подобруваат по прекин на терапијата со флуорокинолони. Поради силната поврзаност со егзацербациите, во Фебруари 2011 овие антибиотици се означени со предупредување во црн квадрат (black box warning) за безбедноста кај пациенти со Мијастенија гравис и поради тоа нивната употреба е контраиндицирана кај оваа популација на пациети.

Друга класа на антибиотици која бара внимателност при пропишување кај пациенти со Мијастенија гравис се макролидите. Макролидите, како азитромицинот и еритромицинот се антибиотици кои ги влошуваат симптомите на Мијастенија во огромен број на објавени прикази на случаи.9,10 Ова е причината поради која треба да се избегнува започнување на терапија со макролиди, освен кога користа од овие антибиотици е поголема од ризикот од нивното користење. Доколку сепак пациентот мора да прима макролиди, потребен е постојан мониторинг на симптомите кај овие пациенти со цел да се превенираат понатамошни несакани настани. И покрај тоа што макролидите немаат “black box” предупредување, тие се блиски до класата на кетолиди кои имаат вакво предупредување. Кетолидите како телитромицинот се докажани антибиотици кои ја инхибираат невромускулната трансмисија, со што доведуваат до животозагрозувачки симптоми кај овие пациенти.12,13 Иако, индикациите за употреба на кетолидите во пракса се многу ограничени, сепак овие антибиотици не треба да се употребуваат кај пациенти со Мијастенија гравис.

Нивото на несигурност кое постои при употребата на антибиотици кај пациентите со Мијастенија гравис создава можност за фармацевтите да започнат отворена комуникација со пациентите за медицинската историја во однос на употреба на антибиотиции во минатото и историја на влошување на симптомите онака како што пациентот најдобро ги памети или пак онака како што се забележани во неговото медицинско или фармацевтско досие. Еден од круцијалните аспекти на Мијастенија гравис е дека секој пациент има своја уникатна клиничка презентација на заболувањето. Способноста на фармацевтот да ги идентификува антибиотиците кои го влошуваат ова заболување не само што е критично за безбедноста на пациентите, туку исто така претставува и основа за понатамошно градење на долгогодишен однос помеѓу пациентот и фармацевтот кој ќе биде основа за понатамошно менаџирање на симптомите.

Следните препораки се корисни за фармацевтите од аптека кои се задолжни да ги издадат антибиотиците кои им се пропишани на пациентите со Мијастенија гравис:

  1. Проверете дали пациентот навистина има потреба од антимикробна терапија и дали пропишаната терапија навистина е индицирана за пациентот.
  2. Потврдете дека оној кој го пропишал антибиотикот е запознаен дека пациентот има Мијастенија гравис.
  3. Земете историја од претходната употреба на антибиотици за пациентот со цел да процените дали пациентот во минатото имал некакво влошување на симптомите поради антимикробна терапија. Дополнително, потврдете кои антибиотици пациентот ги толерирал без никаков проблем. Документирајте ги сите информации во досието на пациентот.
  4. Идентификувајте ги антибиотиците со силен доказ за избегнување кај пациенти со Мијастенија гравис. Запомнете дека флуорокинолоните имаат black box предупредување, а макролидите треба да се употребат само доколку не постои друга алтернативна тераписка опција.
  5. Едуцирајте ги пациентите за нивните знаци и симптоми на влошување и едуцирајте ги кога е потребно да побараат медицинска помош.
  6. Не се сомневајте да контактирате повисоки органи за прашања и грижи поради изборот на антибиотик кај оваа група на пациенти бидејќи безбедноста е од највисоко значение.

Референци:

  1. Howard JF. Clinical overview of MG. Myasthenia Gravis Foundation of America website. myasthenia.org/HealthProfessionals/ClinicalOverviewofMG.aspx. Published 2015. Accessed June 19, 2017.
  2. Wang SH, Xie YC, Jiang B, et al. Fluoroquinolone associated myasthenia gravis exacerbation: clinical analysis of 9 cases [in Chinese]. Zhonghua Yi XueZaZhi.2013;93(17):1283-1286.
  3. Moore B, Safani M, Keesey J. Possible exacerbation of myasthenia gravis by ciprofloxacin. 1988;1(8590):882.
  4. Mumford CJ, Ginsberg L. Ciprofloxacin and myasthenia gravis. 1990;301(6755):818.
  5. Vial T, Chauplannaz G, Brunel P, Leriche B, Evreux JC. Exacerbation of myasthenia gravis by perfloxacin [in French]. Rev Neurol (Paris).1995;151(4):286-287.
  6. Rauser EH, Ariano RE, Anderson BA. Exacerbation of myasthenia gravis by norfloxacin. 1990;24(2):207-208.
  7. Azevedo E, Ribeiro JA, Polonia J, Pontes C. Probable exacerbation of myasthenia gravis by ofloxacin. J Neurol.1993;240(8):508.
  8. Jones SC, Sorbello A, Boucher RM. Fluoroquinolone-associated myasthenia gravis exacerbation: evaluation of postmarketing reports from the US FDA adverse event reporting system and a literature review. Drug Saf. 2011;34(10):839-847. doi: 10.2165/11593110-000000000-00000.
  9. Herishanu Y, Taustein I. The electromyographic changes induced by antibiotics: a preliminary study. Confin Neurol.1971;33(1):41-45. doi:10.1159/000103101.
  10. Cadisch R, Streit E, Hartmann K. Exacerbation of pseudoparalytic myasthenia gravis following azithromycin (Zithromax) [in German]. Schweiz Med Wochenschr.1996;126(8):308-310.
  11. Nieman RB, Sharma K, Edelberg H, Caffe SE. Telithromycin and myasthenia gravis. Clin Infect Dis.2003;37(11):1579
  12. Jennett AM, Bali D, Jasti P, Shah B, Browning LA. Telithromycin and myasthenia crisis. Clin Infect Dis.2006;43(12):1621-1622.
  13. Perrot X, Bernard N, Vial C, et al. Myasthenia gravis exacerbation or unmasking associated with telithromycin treatment. 2006;67(12):2256-2258.
  14. Pascuzzi, RM. Medications and myasthenia gravis (a reference for health care professionals). Myasthenia Gravis Foundation of America Inc. org/LinkClick.aspx?fileticket=JuFvZPPq2vg%3d. Published 2000. Accessed September 11, 2017.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.