3

Алармантно висока стапка на смртност од КОВИД-19 кај пациентите на дијализа

Присуство на SARS-CoV-2 било детектирано кај 21 пациент од вкупно 400 пациенти на дијализа во една болница во Барселона, при што стапката на смртност во центарот за дијализа изнесувала високи 24%.

Според официјалните податоци, во Шпанија околу 0,5% од популацијата била инфицирана од SARS-CoV-2. Високата стапка на смртност на пациентите на дијализа била верифицирана и од страна на шпанскиот COVID-19 дијализен/трансплантаторен регистер, во кој биле вклучени вкупно 1572 пациенти со краен стадиум на ренална болест, вклучувајќи 998 пациенти на хемодијализа, 51 пациент на перитонеална дијализа и 523 пациенти со трансплантација на бубрег.

Стапката на смртност кај пациентите на хемодијализа кои биле дијагностицирани со КОВИД-19 изнесувала 27% за територијата на целата држава, додека кај пациентите со трансплантација на бубрег летален исход бил забележан кај 23% од пациентите. Дополнително, пациентите на перитонеална дијализа имале значително пониска смртност од околу 15%, но малиот број на вакви пациенти им отежнало на авторите на студијата да извлечат статистички значаен заклучок за оваа група на пациенти.

Висока стапка на смртност кај пациентите на дијализа инфицирани со новиот коронавирус била забележана за време на следењето на текот на болеста кај 36 пациенти на хемодијализа во една болница во Мадрид во периодот од 12ти март до 10ти април при што било утврдено дека постојат 3 фактори кои значително влијаат на стапката на смртност кај пациентите на хемодијализа, дијагностицирани со КОВИД-19: колку години пациентот е подлежен на дијализа, лимфопенија и зголемени нивоа на LDH.

Од овие алармантни резултати може да се заклучи дека пациентите со тешки ренални оштетувања имаат потребна од посебна заштита. Многу студии покажаа дека дури и луѓе без симптоми можат да го носат и пренесуваат новиот коронавирус. Затоа, во центрите за дијализа не секогаш е возможно детектирање на инфицирани пациенти и нивна соодветна изолација. За обезбедување на заштита на оваа ранлива група на пациенти, од особено значење е редовно тестирање на пациентите и персоналот со што би се минимизирал ризикот од инфекција. Имено, имајќи во предвид дека од четири пациенти на дијализа дијагностицирани со  КОВИД-19, летален исход е очекуван кај еден од нив, превенирањето на жаришта во центрите за дијализа треба да биде  примарна цел за епидемиолозите и надлежните државни здравствени институции.

REFERENCES:

  1. Marian Goicoechea, Luis Alberto Sánchez Cámara, Nicolás Macías et al. COVID-19: Clinical course and outcomes of 36 maintenance hemodialysis patients from a single center in Spain. Kidney Int.
  2. COVID-19 mortality alarmingly high in dialysis patients. EurekAlert! https://www.eurekalert.org/pub_releases/2020-06/e-cma060520.php. Published June 5, 2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.