Wpd Logo

25 септември – Светски ден на фармацевтите

25 септември – Светски ден на фармацевтите

25 септември е Светскиот ден на фармацевтите. Мотото под кое се одбележува денот оваа година е: „Безбедни и ефективни лекови за сите“. Овогодишното мото ја нагласува клучната улога на фармацевтите во промоција на безбедна употреба на лекови и намалување на случаите на медицински грешки.

Меѓународниот фармацевтски сојуз (International Pharmaceutical Federation, FIP) ги охрабрува фармацевтите да организираат активности за промоција и застапување на улогата на фармацевтот во унапредување на здравјето на сите пациенти ширум светот.

Значаен број на пациенти страдаат од грешки во текот на процесот на здравствена грижа, што резултира со трајни повреди, продолжување на времето на хоспитализација, па дури и смртност. А, токму фармацевтите ја имаат клучната улога во надминување на овој глобален здравствен предизвик.

Фармацевтите треба да ги користат своето опсежно знаење и експертиза во придонесот за постигнување на оптимален исход од терапијата со лекови за сите пациенти. Фармацевтите го обезбедуваат пристапот до лекови, промоција на нивна соодветна употреба, унапредување на придржувањето кон терапијата со лекови, координација на пренос на здравствената грижа и уште многу други активности. Денес, како и секој ден, фармацевтите ја имаат одговорноста во обезбедувањето дека пациентите нема да искусат штета по здравјето при употреба на лековите.

Референца:

  1. World Pharmacist Day. 16 September 2019. Available at: https://www.fip.org/world-pharmacists-day. Last accessed 25 September 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.