Wpsd

17 септември – Светски ден за безбедноста на пациентите

17 септември – Светски ден за безбедноста на пациентите

На 17 септември, за првпат, ќе се одбележи Светскиот ден за безбедноста на пациентите, чиешто одбележување следи по одобрување од сите Земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) на 24 мај оваа година.

Светскиот ден за безбедноста на пациентите е кампања за сите засегнати страни во здравствениот систем со цел заедничка соработка во подобрување на безбедноста на пациентите и претставува препознавање на големината на штета која може да се избегне поврзана со медицински грешки. Исто така, претставува и глобална обврска на сите Земји-членки на СЗО да ја препознаат безбедноста на пациентот како клучен здравствен приоритет и да се согласат за преземање на активности за намалување на штетата кај пациентот во рамките на здравствената заштита.

Светскиот ден за безбедноста на пациентитесе однесува на вклучување на здравствените работници на глобално ниво во:

  • зголемување на здружените глобални активности врз безбедноста на пациентите
  • воспоставување на мерки за намалување на штетата која што може да се избегне кај пациентот
  • споделување на свеста за безбедност на пациентите во рамките на здрвствената заштита
  • подигнување на свеста кај јавноста и медиумите во однос на клучните прашања поврзани со безбедноста на пациентите
  • тестирање на нови идеи за подобрување на безбедноста на пациентите
  • помагање на пациентите со цел самите да придонесат кон сопствената безбедност

Инциденцата за појава на штета кај пациент станува глобален здравствен проблем. Бројот на пациенти кои се повредени, со инвалидитет или завршиле со фатален исход поради пристап кон небезбедна здравствена заштита прераснува во проблем на глобално ниво. Секоја секунда во денот, некој во светот претрпува штета како резултат на добивање на небезбедна здравствена нега или има ризик да биде повреден. Како резултат на тоа, постои опасност дека небезбедната здравствена заштита ќе ги наруши глобалните напори за воспоставување на универзално здравствено покритие.

Глобалното почитување и придржување кон одбележување на Светскиот ден за безбедноста на пациентите има за цел:

  • подигнување на свеста за безбедноста на пациентите на глобално ниво
  • подобрување на глобалното разбирање за централната улога на безбедноста на пациентот во постигнување на универзално здравствено покритие и цели за одржлив развој
  • охрабрување на развој на системи и процедури за отстранување на сите штети кај пациентите кои може да се избегнат и управување со ризици во здравствената заштита
  • охрабрување на властите да се посветат и да го поддржат воведувањето на стратегии за обезбедување на безбедност кај пациентите, управување со ризици и поттикнување на поддршка
  • зајакнување на соработката и партнерството на глобално, регионално, национално и локално ниво за воведување на стратегии за безбедност на пациентите и подобрување на безбедноста на здравствената заштита.

Очекувани исходи од воведувањето на Светски ден за безбедноста на пациентите се:

  • зголемено разбирање на јавноста за потребата од спроведување на мерки за обезбедување на безбедност на пациентите
  • зголемување на свеста и знањето кај здравствените работници за основната потреба од стратегии за безбедност на пациентите и зајакнување на безбедноста на здравствената заштита
  • препознавање на улогата на пациентите или семејствата во безбедноста на пациентите и зајакнување на ангажманот на пациентот и семејството во овој критичен проблем
  • постигнување на политичка посветеност и поддршка во земјите, што се прикажува преку воведување на стратегии за обезбедување на безбедност кај пациентите и подобро управување со ризиците при давање на здравствени услуги
  • долготрајна соработка и координација на обидите на сите нивоа на здравствена заштита, во сите типови на нагодувања, со цел подобрување на безбедноста на пациентот и на крај, отстранување на штетите кои можат да се избегнат и значително намалување на ризикот од штета или повреда.

Факти

  • 134 милиони несакани настани се случуваат секоја година поради небезбедна здравствена заштита, при што 2.6 милиони луѓе завршуваат со фатален исход
  • 15% од болничките трошоци може да се припишат на третман како резултат на медицински грешки кои ја загрозуваат безбедноста на пациентот
  • 1 од 10 пациенти е повреден при примање на болничка нега во земјите со високи приходи
  • Дури 1 од 4 хоспитализации, секоја година, резултира со штета кај пациентите во земјите со ниски и средни приходи
  • Дури 4 од 10 пациенти се повредени во рамките на примарната здравствена заштита и домашната грижа.
  • Дури до 80% од штетите во примарната и вонболничката здравстена заштита може да се избегнат, пришто проценките покажуваат дека 20-25% од општата популација доживува штета која може да се избегне.

Секој дел од процесот на давање на здравствена грижа содржи одреден степен на својствена несигурност. Јасните политики, организациските лидерски капацитети, податоците за подобрување на безбедноста на пациентите, квалификуваните здравствени професионалци и ефективното вклучување на пациентите во нивната грижа се потребни за обезбедување на одржливи и значителни подобрувања во безбедноста на здравствената заштита.

Референци:

  1. World Health Organization. (2019) World Patient Safety Day 2019. Retrieved from https://www.who.int/campaigns/world-patient-safety-day/2019
  2. International Alliance of Patients’ Organizations. (2019) World Patient Safety day adopted by 72nd World Health Assembly. Retrieved from https://www.iapo.org.uk/news/2019/jun/13/world-patient-safety-day-adopted-72nd-world-health-assembly
  3. Pan American Health Organization. (2019) World Patient Safety Day 2019. Retrieved from https://www.paho.org/hq/index.php?option=com_content&view=article&id=15372:world-patient-safety-day-2019&Itemid=39594&lang=en

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.