WDD

14 ноември – Светски ден на диабетесот

14 ноември – Светски ден на диабетесот

Светскиот ден на дијабетесот за прв пат почна да се одбележува во 1991 година од страна на Интернационалната федерација за дијабете (IDF) и Светската здравствена организација (WHO) поради големиот пораст на бројот на пациенти чие здравје е засегнато од дијабетесот. Светскиот ден на дијабетесот стана официјален ден во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 од страна на Обединетите нации. Се одбележува секоја година на 14 ноември, денот кога е роден Сер Фредерик Бантинг, кој го открил инсулинот заедно со Чарлс Бест во 1922 година.

Оваа кампања е најголемата светска кампања за подигнување на свесноста за дијабетесот која опфаќа глобална публика од над 1 милијарда луѓе во повеќе од 160 земји.

Кампањата на Светскиот ден на дијабетисот има за цел да биде:

  • Платформазапромовирањенанапорите за подигнување на свеста за дијабетесот во текот на целата година
  • Глобалендвигателзапромовирањенаважностаодпреземањенакоординирани и усогласениактивностизасоочувањесодијабетесоткакоклучноглобалноздравственопрашање.

Логото на кампањата е претставено со син круг, усвоено во 2007 година по усвојувањето на Резолуцијата на ООН за дијабетес. Синиот круг е глобален симбол за свесност за дијабетесот. Тоа го означува единството на глобалната заедница за дијабетес како одговор на растечката стапка на дијабетес.

Секоја година, кампањата за Светски ден на дијабетес се фокусира на посветена тема што трае една или повеќе години. Тема за Светскиот ден на дијабетес оваа година, како и претходната е семејство и дијабетес.

Дијабетесот е водечка причина за слепило, ампутација, срцеви заболувања, откажување на функцијата на бубрезите и рана смрт. Едноставно преземање на навремени мерки може да го намали ризикот од ова заболување.

Без терапија, дијабетесот може да доведе до сериозни компликации вклучително и слепило, ампутација, откажување на функцијата на бубрезите, срцев удар и мозочен удар. Во 2017 година се смета дека дијабетесот бил одговорен за 4 милиони смртни случаи.

Федерацијата ја зголемува свеста за влијанието што го има дијабетесот врз семејството и сите засегнати членови од семејството на дијабетичарот и ја промовира улогата на семејството во справувањето, грижата, превенцијата и информирањето за дијабетесот.

Досегашните резултати од бројни студии ја потенцираат потребата за едукација и свесност со цел навремена и квалитетна помош на луѓето во зачетоците на дијабетесот. Лекарите ги охрабруваат семејствата да се информираат и да учат повеќе за симптомите и знаците на дијабетес тип 2.

Недостаток на знаење за дијабетес значи дека забележувањето на предупредувачките знаци не е проблем само за пациентите, туку и за сите членови од нивното семејство. Ова голема загриженост е поради фактот дека знаците на дијабетес тип 2 се многу поблаги и тешко забележливи на почетокот. Најчесто 1 од 2 лица со дијабетес не се дијагностицира на време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.