 |
|
Мени
Анкета
|
|
Фармакоинформативни актуелности
|
| Дата: 18-Mar-2010 ) --> |
Нови водичи за хормонска терапија издадени од Северно Американското друштво за менопауза
Според најновите докази на Северно Американското Друштво за Менопауза North American Menopause Society (NAMS), односот помеѓу придобивката и ризикот на хормонската терапија при менопауза е поголем кај жени кои примаат хормонска терапија на почеток од менопауза за разлика од повозрасните жени кои претходни не биле третирани. NAMS неодамна издаде нов водич со цел да ги надополни знаењата на клиничарите и јавноста за хормосната терапија кај постменопаузалните жени, како и односот помеѓу терапевтската придобивка и ризикот на оваа терапија за време и после менопаузата. Во насока на изготвување на новите водичи, седумнаесет клиничари и истражувачи детално ги разгледале претходно издадените водичи на ова друштво, како и новите пронајдоци од оваа областа за да ги изготват новите препораки. Овие надополнувања се однесуваат на влијанието на хормонската терапија врз ризикот од појава на карцином на дојка, когнитивни пореметувања, деменција, коронарна срцева болест, мозочен удар како и нови препораки во однос на ограничувањата на хормонската терапија |
|
| Дата: 18-Mar-2010 ) --> |
ФДА објави нови предупредувања за Clopidrogel
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) на 12 март 2010год. издаде нови предупредувања за клопидогрел, известувајќи ги здравствените работници и пациентите дека овој лек може да има намалена терапевтска ефикасност кај лица кои слабо го метаболизираат клопидогрелот. Клопидогрелот го намалува ризикот од срцеви напади, нестабилна ангина, кардио вакуларна смрт кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања преку оневозможување да се формираат тромбоцитни коагулуми. Самиот лек не поседува антиткоагулантен ефект се додека не се метаболизира во својата активна форма во хепарот со помош на хепаталните ензими CYP2C19.
|
|
| Дата: 11-Mar-2010 ) --> |
Различните орални антидијабетици поврзани со различни несакани ефекти
Во Велика Британија била спроведена голема опсервациона кохорд студија за да се определи ризикот од појава на миокарден инфаркт, конгенитивна срцева слабост и сите останати случаи на морталитет поврзани со употребата на орални антидијабетици при третманот на дијабетес тип 2. Во студијата биле опфатени околу 5 милиони луѓе на возраст од 35 до 90 години во период од 15 години (1990-2005 година).
|
|
|
|
Фармакоинформативен прозорец
|
| Дата: 19-Feb-2010 ) --> |
19 Февруари, светски ден за подигнување на свеста за здравите животни навики
Здравиот животен стил претставува начин на живеење со кој се намалуваат ризиците од сериозни заболувања или рана смрт. Не постои можност за превенција на сите болести, но голем број на смртни случаи особено при заболувањата на коронарните крвни садови како и канцер на белите дробови можат да се избегнат. Досегашните научни истражувања ги идентификувале одредените типови на однесување што придонесуваат кон развој незаразни болести и рана смрт. Зравјето не претставува само избегнување болест, туку присуство на потполна физичка , ментална и социјална благосостојба. Кога се применува здравиот начин на живеење се овоможува позитивен пример и влијание врз луѓето околу нас, фамилијата , а особено децата. Овозможувајќи им на децата да ги следат принципите на здравиот начин на живеење се придонесува кон нивната благосостојба и задоволство во животот сега и во иднина. 19 Февруари во светот се обележува како светски ден за подигнување на свеста за здравите животни навики. Светската Здравствена Организација ги предлага 4 главни принципи на здравиот начин на живеење и тоа:
|
|
| Дата: 02-Feb-2010 ) --> |
САМО-НАСОЧЕНО УЧЕЊЕ НОВА МОЖНОСТ ЗА КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА ВО ФАРМАЦЕВТСКАТА ДЕЈНОСТ
Само-насоченото учење претставува континуиран, неформален процес на учење кога ученикот, а не институцијата, ги избира и ги контролира целите на учењето и учебните помагала. Во само-насоченото учење, индивидуата презема иницијатива и одговорност за својот професионален развој. Тој/таа избира, управува и ги оценува сопствените едукативни активности, кои може да се одвиваат во било кое време, на било кое место и на било која возраст. Само-насоченото учење вклучува читање на стручни и професионални списанија, прегледување на книги и трудови, осовременување на знаењето преку интернет или ТВ и формирање на досие во кое се евидентираат податоците за напредокот во учењето. Во само-насоченото учење, организаторот го оценува просечното време кое е потребно за да се обави едукативната активност во целост.
|
|
|
|
Најава
Реклами
|
|
|