Фармакоинформативни актуелности - ... - News - nfic.ff.ukim.edu.mk

 
Мени
Анкета
Што мислите за функционалноста на новиот сајт?
Одлична
Добра
Може и подобра
Лоша

Фармакоинформативни актуелности

Дата: 13-Aug-2008 (6 прегледи)

Дозно зависна интеракција помеѓу симвастатин и амидарон


Американската администрација за лекови и храна (FDA) на 08/08/2008 година објави соопштение во кое алармира за потврдената интеракција при истовремена употреба на симвастатин и амиодарон. Како резултат на опишаната интеракција доаѓа до појава на едно ретко мускулно заболување наречено rhabdomyolysis кое се карактеризира со брзо лизирање на скелетната мускулатура а се манифестира со болки во мускулите, грчеви, намалување на сензитивноста и може да доведе до оштетување на бубрезите и смрт на пациентот. Појавата на оваа несакана интеракција е дозно зависна и се јавува при истовремена употреба на амиодарон и симвастатин во дози повисоки од 20 mg  на ден...

Повеќе... | 4252 бајти повеќе

Дата: 01-Aug-2008 (8 прегледи)

Начинот на исхрана на мајките влијае врз полот на новороденчето


Најновите истражувања од група научници на Универзитетите во Exeter и Oxford, покажуваат дека полот на новороденчето во голема мера е дефиниран од начинот на мајчината исхрана за време на зачнувањето и во првото тромесечие од бременоста. Во нивната студија, се укажува на јасна врска помеѓу внесување на високо калорична храна во периодот на зачнувањето и машките новороденчиња. И покрај тоа што полот е генетски детерминиран од страна на татковците, мајките сеуште може да влијаат во неговото дефинирањето. Оваа студија може да помогне во објаснувањето зашто во развиените, земји каде што голем број на девојки избираат да бидат на диети со ниско калорична храна, бројот на машки новороденчиња е во постојано опаѓање...

Повеќе... | 6552 бајти повеќе

Дата: 21-Jul-2008 (10 прегледи)


Нови инхибитори на естроген-зависниот рак на дојка

Откриена е нова фамилија на агенси кои го инхибираат растот на естроген-зависниот рак на дојка кој има развиено резистенција кон досега познатата терапија. Ова откритие отвори ново поле на испитување и развој на нови лекови кои ќе делуваат на естроген-зависниот рак на дојка. Иако поголем број на фактори допринесуваат во развојот на ракот на дојка, естрогените играат клучна улога во растот на многу тумори. Кај повеќе од 80% од жените над 45 години со карцином на дојка, туморскиот раст се активира од естрогени кои се врзуваат за естрогениот рецептор. Eстроген-рецептор-комплексот потоа се врзува за DNA и предизвикува транскрипција на RNA за синтеза на нови протеини кои предизвикуваат клеточен пролиферација, раст, миграција и ширење на туморските клетки.

Повеќе... | 5466 бајти повеќе

Фармакоинформативен прозорец

Дата: 01-Aug-2008 (17 прегледи)

Објавени референтните цени на лековите   


Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ)го најави целосното воедување на референтните цени на сите лекови од Листата на лекови на товар на ФЗОМ, со почеток од 1-ви август 2008 година...


 

Повеќе... | 2451 бајти повеќе

Дата: 10-Jun-2008 (5 прегледи)

Ново издание на Регистерот на лекови

Новото издание на Регистарот на лекови на Република Македонија (3/2008) како стручна публикација на Бирото за лекови и Министерството за здравство излезе од печат.
Покрај вообичаените содржини, новина на ова издание е објавувањето на единствените малопродажни цени на сите регистрирани готови лекови во Р. Македонија.

(1) 2 3 »

Најава
Корисник:

Лозинка:


Заборавена лозинка?
Реклами